Прва седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата

November 16, 2023
1 min read

реклама


Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, кое се формираше со владина одлука со цел да се зајакне соработката меѓу надлежните институции заради унапредување на политиките и механизмите за превенција и справување со корупцијата, денеска ја одржа првата официјална седница. Со конститутивната седница претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

На седницата детално се разгледуваа забелешките на членовите на ова тело во однос на Предлог деловникот за работа, по што тој беше едногласно усвоен. Утврдувајќи ги правилата за работа на Меѓуресорското тело, а со цел да се обезбеди транспарентност и инклузивност во работењето, членовите го прифатија предлогот на вицепремиерката Грковска, на јавните седници, во својство на набљудувачи, да се вклучат и претставници од граѓанските организации кои се активни во оваа област.

реклама

Членовите на Меѓуресорското тело се согласија дека е потребна забрзана динамика на работа и се обврзаа на првата наредна седница, која ќе се одржи за две недели, да дадат конкретни предлози поврзани со наодите од последниот Извештај на Европската Комисија кои се однесуваат на корупцијата, како и за поефикасно спроведување на акциониот план од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Во Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата учествуваат претставници на Јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија, Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Управата за финансиска полиција, Царинската управа, Управата за финансиско разузнавање, Бирото за јавни набавки, Агенцијата за управување со одземен имот, Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на Република Северна Македонија во Совет на Европа – Група на држави против корупција.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако вака осудува пратеник, како ли им суди на граѓаните: Бране Петрушевски поднесе претставка против кумановскиот судија Неџат Мемети

Следно

„Или-Или“ ја објави „Едно лето со Рембо“ посветена на легендарниот француски поет

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop