Прва седница на грчката Влада по реконструкцијата, Мицотакис ги претстави главните приоритети

June 15, 2024
1 min read

Справувањето со поскапувањата на цените, поефикасна држава, реструктурирање на примарниот сектор, подобро здравство и образование, би рекол дека сега стануваат наши пофокусирани приоритети, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, што се одржува со новиот состав по вчерашната реконструкција.

Реконструкцијата дојде на само неколку дена по европските избори на кои владејачката Нова демократија, иако победи со 28,3 отсто, сепак не ја постигна поставената цел од 33 проценти добиени на евроизборите пред пет години.

На почетокот на владината седница, Мицотакис се осврна на изборните резултати, повтори дека граѓаните, на свој начин им испратиле порака „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“. 

– Всушност, ни побараа повеќе работа и помалку грешки, поголеми резултати и помалку доцнење на патот без лицемерни вртења десно, лево или кон центар, со правец само напред, истакна Мицотакис и додаде дека преку новиот владин состав испраќаат „колективна порака за динамичен рестарт“.

Тој говореше и за реформите, како „белег на секојдневието“ и начин да ги убедат дури и скептичните граѓани во намерите.

Се осврна и на политиката на ЕУ, рече дека следните пет години ќе бидат важни за конкурентноста на европската економија, за продолжување на строга, но фер миграциска политика, како и за поддршката на грчките бизниси.

– По Конференцијата за мир што се одржува за Украина, ќе бидам во Брисел и се надевам дека, како еден од двајцата преговарачи во име на Европската народна партија, ќе можеме брзо да се договориме за распределбата на одговорните позиции во раководството на европската пирамида. Мислам дека ова ќе отстрани дел од неизвесноста, што мислам дека не е добра за Европа, така што барем да го имаме гласањето за новата претседателка на Европската комисија, нашиот предлог ќе биде Урсула фон дер Лајен и оценувам дека ќе биде изгласана од Парламентот, а ова гласање да се заврши пред крајот на јули, рече Мицотакис.

По денешната владина седница, грчкиот премиер ќе замине за Швајцарија за да учествува на Конференцијата за мир во Украина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Во украинско гранатирање на градот Шебекино загинаа 5 лица

Следно

Игор Филков за правда и Горан Минчев за јавна администрација – кандидати на ЗНАМ за министри во новата влада

Latest from Blog

Речиси 900 сметки во швајцарска банка се поврзани со нацистите, истрагата ја споменува и Аргентина

Тој зборуваше пред сослушувањето на Сенатскиот судски комитет за улогата на банките во олеснувањето на Холокаустот, додавајќи дека се откриени и нови детали за шема за помагање на нацистите да избегаат во

Кои две земји во ЕУ имаат најстари работници?

Работниците во Германија стареат. Германија има најстаро работно население во Европската Унија(EУ), а речиси секој четврти вработен е постар од 55 години, според податоците кои денеска ги објави Федералниот завод за статистика

„Русија НЕМА НАМЕРА ДА ПОСТИГНЕ МИР“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Киев, изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта не укажуваат дека Москва е сериозна во врска со постигнувањето

Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов

Протест и во Кочани, граѓани се бунат зaшто полицијата им ги одзела колите

Попладнево, група граѓани излегоа на протести на патот Битола-Ресен и во кочанската населба Трајаново Трло. Тие се незадоволни бидејќи полицијата им ги запленила автомобилите кои ги возеле без возачки дозволи, јавува Радио
Go toTop