Русија: Во украинско гранатирање на градот Шебекино загинаа 5 лица

June 15, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Во украинското гранатирање на рускиот град Шебекино, во областа Белгород, загинаа пет лица, изјави денес гувернерот Вјачеслав Гладков, пренесува Анадолу.

Проектилот погодил станбена зграда уривајќи десет стана, објави Гладков на Телеграм.

Тој додаде дека спасувачката операција неколку пати била прекинувана поради гранатирање.

Спасувачките тимови под урнатините извлекле тела на четири лица, а спасени се шест повредени кои се префрлени во болница. Гувернерот потврди дека една жена им подлегнала на повредите во болница.

Гувернерот Гладков информираше дека во нападите во регионот на Белгород загинале уште две лица, едното во селото Муром, а другото во селото Октјабрски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто американските знамиња ги превртуваат наопаку?

Следно

Прва седница на грчката Влада по реконструкцијата, Мицотакис ги претстави главните приоритети

Latest from Blog

ФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН – Тројца загинаа, меѓу нив и дете

Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот,

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма
Go toTop