Прв случај на каснување од змија во Скопје, ЦУК со апел да се внимава при прошетки во природа

June 21, 2024
1 min read

Педесет годишен маж кој престојувал во затворот „Идризово“ во вторникот пријавил дека е каснат од змија.

Ова денеска го соопштија од Итната медицинска помош во Скопје, од каде велат дека ова е првиот евидентиран случај на каснување од змија, откако Центарот за управување со кризи (ЦУК) изминатиот период постојано апелира за појава на змии во населените места, особено низ населбите во главниот град.

„По пријава дека маж е каснат од змија, со возило на Брза помош, лицето е пренесено на лекување на Инфективната клиника во Скопје. Таму ќе биде на неколкудневен третман и опсервација“, велат од Итната медицинска помош.

Оттаму апелираат граѓаните да внимаваат каде се движат при престој во природа, како и да носат соодветна облека со цел да се заштитат од каснување од змии.

Изминатите денови, како што велат од Итната медицинска помош, е зголемен бројот на повици и на интервенции. Според лекарите, има зголемен број на сообраќајни незгоди, повреди од паѓање од тротинети, зголемен број на повизи за колепси на јавни места поради летните горештини.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) пред неколку дена упатија апел да се внимава при прошетки во природа поради присуство на змии. Оттаму велат дека змиите најчесто бегаат од луѓето, но доколку бидат вознемирувани или случајно нагазени или наседнати тогаш може да нападнат и да каснат.

Во таков случај, додаваат од ЦУК, граѓаните по укажаната прва самопомош корисно е да се јават на единствениот телефонски број за итни случаи 112 од каде ќе бидат поврзани од итната медицинска служба и ќе добијат совет за понатамошен третман.

Особено е важно, велат од ЦУК, граѓаните да добијат медицински третман што поскоро доколку се каснати од змија која е отровна. Во земјава има 16 видови на змии, а 5 од нив се отровни. Станува збор за шарката, остроглава шарка, длабокочелен смок, мајча змија и поскокот кој има најсилен отров.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се враќа струјата во Хрватска и БиХ, „падна далноводот меѓу Грција и Албанија“

Следно

СЕ Е ПОЗНАТО: Еве дали Мбапе ќе стартува против Холандија

Latest from Blog

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop