Процентот на заболени од грип скокна за 41,7 отсто

January 25, 2024
1 min read

Нови 1.675 заболувања од грип или, пак, слични на грип, се пријавени во земјава во третата недела од годинава, а тоа е 41,7 отсто повеќе споредено со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје.

Бројот на заболени е поголем за 47,6 проценти споредено со минатата сезона, а зголемувањето е за 32,2 проценти споредено со третата недела од типичната епидемиска крива (моделирана во последните 13 сезони).

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.012 лица се на возраст од 15-64 години, 256 деца на возраст од 5-14 години, 237 деца на возраст од 0-4 години и 170 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во Скопје има 295 заболени, во Битола 287, во Тетово 165, во Гостивар 149, во Дебар 110, во Куманово 104, а во останатите региони помалку од 100.

-Во оваа недела е регистриран еден смртен случај асоциран со грип. Лицето било од Неготино и имало 45 години. Било хоспитализирано во КИБФС. Кај починатото лице биле утврдени коморбидитети (кардиоваскуларни болести, белодробни болести, дијабетес и обесност) и не било вакцинирано против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Инфлуенца А (Х1) пдм09, соопшти ИЈЗ.

Вкупниот број случаи на грип или, пак, заболувања слични на грип во сезоната 2023-2024 година е 5.175. Споредено со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3 отсто.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинение против поранешниот косовски амбасадор во Скопје поради закани кон претседателката

Следно

Калифорнија, онаму каде што слободата оди за да умре

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop