Протести во САД

June 10, 2025
1 min read

Војска на улиците на Лос Анџелес. Доналд Трамп одлучи да испрати 700 маринци кои треба да се грижат за безбедноста во градот додека не пристигне новиот контингент од националната гарда.

Протестите се засилија по одлуката на федералните власти да приведат и депортираат стотици мигранти кои нелегално престојуваат во државата. Демонстрантите блокираа неколку автопати во градот, запалија возила и оштетија голем број на продавници. Доналд Трамп пак ја активираше националната, која со солзавец и гумени куршуми се обиде да ги растури протестите. Досега се уапсени преку 50 лица. Центарот на Лос Анџелес е прогласен за нелегално место за собирање, поицијата се закани дека ќе го уапси секој кој ќе се затекне таму, но демонстрантите најавуваат дека нема да запрат. 

„Трамп сака да не оквалификува како криминалци и крадци но ние сме тука со знаци и само сакаме да кажеме дека тоа што го прави е погрешно и ова е наша заедница.“

„Не сакаме да гледаме толку полиција на улиците.“

Од полицијата во Лос Анџелес предупредуваат дека насилството на улиците на градот се зголемува.

– Насилството што го гледаме е одвратно. Ескалираше во изминативе денови. Она што го видовме првата ноќ беше лошо, но следите денови стана уште полошо и понасилно. – Џим Мекдонел шеф на полицијата на Лос Анџелес.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, апелираше до граѓаните да протестираат мирно, но и осуди дел од насилството. Ја обвини владата за целиот хаос кој настана и порача рациите немат никаква врска со националната безбедност.

„Рациите мора да запрат. Тие воопшто и не требаше да се случат во нашиот град. Единственот онешто кое го постигнаа зголемување на хаосот. Тој хаос почна во Вашингтон. Во четвртокот, градот беше мирен, во петок работите се променија поради интервенција на федералната влада.  – Карен Бас градоначалник на Лос Анџелес.

Протестите против одлуката на доналд трамп почнаа да се шират и во другите поголеми градови низ САД. Илјадници луѓе излегоа и на улиците на Сан Франциско и Њу Јорк.

Демонстрациите првично избија во едно од предградијата на Лос Анџелес каде што повеќе од 82 проценти од населението се Латиноамериканци. Веднаш откако се проширија информации дека  мигранти без документи се уапсени, голем број од жителите излгоа на улица. За кратко време, демонстрациите се прширија и во останатите населби населени претежно со мигранти.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нуркач покрај брегот на Мерсин ги сними делфините што го придружуваа

Следно

Што ги прашаа и какви поплаки имаа? Пратениците излегоа од Собрание на средба со граѓаните

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop