Протести низ Франција по изборот на Барние за премиер

September 7, 2024
1 min read

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците низ цела Франција, изразувајќи го незадоволството од одлуката на претседателот Емануел Макрон да го назначи политичарот од десниот центар, Мишел Барние, за премиер, додека лево ориентираните партии го обвинуваат за кражба на парламентарните избори.

Макрон во четвртокот го именуваше 73-годишниот Барние, конзервативец и поранешен преговарач на Европската Унија за Брегзит, ставајќи крај на двомесечната потрага по нов премиер по сопствената одлука за распишување на вонредни парламентарни избори кои резултираа со поделба на парламентот во три блока.

Во своето прво интервју како шеф на владата, Барние синоќа изјави дека неговата влада, која нема јасно мнозинство, ќе биде составена од конзервативци, членови на таборот на Макрон и, како што рече – се надева и на политичари од левицата.

Барние се соочува со тешка задача – обидот да спроведе реформи и да го донесе буџетот за 2025 година, додека Франција е под притисок од Европската комисија за намалување на дефицитот.

Левицата, предводена од крајнолевата партија „Непокорена Франција“, го обвини Макрон дека ја потиснал демократијата и ги украл изборите, откако одби да го назначи кандидатот на левиот сојуз „Нов народен фронт“, кој освои најмногу места во парламентот, иако нема апсолутното мнозинство.

Вчерашната анкета на „Елабе“ покажа дека 74 проценти од Французите сметаат дека Макрон ги игнорирал резултатите од изборите, а 55 проценти веруваат дека ги изманипулирал.

Реагирајќи на именувањето на Барние за премиер, чија централнодесничарска партија Les Republicains е само петтиот блок во парламентот со помалку од 50 пратеници, лидерите на левичарските партии, синдикати и студентски организации повикаа на масовни протести пред понатамошни дејствија, вклучително и можни штрајкови на 1 октомври.

Партијата ЛФИ најави одржување на 130 протести низ државата.

Барние ги продолжи консултациите и денеска, во обид да формира нова влада, што е тешка задача со оглед на тоа што се соочува со потенцијално гласање за недоверба, особено со оглед на итноста на буџетот за 2025 година, за кој треба да се расправа во парламентот на почетокот на октомври.

НФП и екстремно десничарската партија Национален собир (РН) заедно имаат мнозинство и, доколку одлучат да соработуваат, би можеле да го соборат премиерот со гласање за доверба.

Но, РН објави условно одобрување на Барние, што ја прави партијата клучна за формирање на нова влада.

Критичарите го обвинуваат Макрон дека ја предал власта на владата во рацете на Националниот собир на Марин Ле Пен.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хакан Фидан во Приштина: Безбедноста и стабилноста на Косово е исклучително важна за траен мир и стабилност на Балканот

Следно

Серафимов: Не сум јас тој што треба да каже што се смени во репрезентацијата од пред две години!

Latest from Blog

Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди, во моментов нема разговори за размена на ресори

И по излегувањето на Арбен Таравари од Владата, кој го имаше и министерското место за здравство, Биљал Касами изјави дека овој ресор останува кај ВЛЕН, јавува репортерот на ТВ21. Како што рече

Македонскиот оркестар FAME’S настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток во Абу Даби

Македонскиот оркестар, дел од проектот FAME’S, настапи на гламурозната свеченост по повод официјалната најава за изградба на првиот Дизни тематски парк на Блискиот Исток, кој ќе се наоѓа на островот Јас, Абу

Во Македонија се увезува сè – дури и месото

Македонија, иако традиционално аграрна земја, денес увезува околу 70 отсто од своите земјоделски производи. Долгогодишните слаби политики и недоволно ефективни мерки го ослабија домашното производство и ја направија земјата увозно зависна дури

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот

Сестрата на Фросина најави протест  за денеска: Судот донесе одлука дека убиството во Македонија се исплаќа

Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова повика на нов протест утре во 17 часот пред Универзалната сала во Скопје. Овој повик доаѓа откако Основниот кривичен суд скопје денеска му досуди 12 години
Go toTop