Протестен марш во Неготино: Сите жртви на сообраќајното насилство заслужуваат правда

February 4, 2025
1 min read

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи во сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на Фејсбук група посветена на градот. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“, во близина на семафорите.

– Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите што секојдневно се случуваат на нашите улици. Овој протест е повик за промени, порака дека е доста со жртви во сообраќајот. Маршираме за Фросина, за Викторија, за сите кои го загубија животот поради несовесни возачи и нефункционални институции. Секој од нас е потенцијална жртва. Не смееме да дозволиме оваа серија на трагедии да продолжи, се наведува во повикот за учество.

-Организаторите ги истакнуваат и клучните барања на протестот:
-Безбедни улици за сите
-Почитување на пешачките премини и брзинските ограничувања
-Поголема свест за опасностите во сообраќајот
-Строга контрола на возење под дејство на алкохол и дрога
-Најстроги казни за сообраќајните насилници
-Нулта толеранција за оние што возат без дозвола или ги загрозуваат животите на другите
-Одговорност од институциите и крај на заташкувањето на сообраќајните злосторства

– Фросина заслужува правда. Викторија заслужува правда. Сите жртви на сообраќајното насилство заслужуваат правда, порачаа организаторите.

Дополнително, беше објавено дека другарките на Фросина, која трагично загина на „Партизанска“ во Скопје, организираат бесплатен автобуски превоз од Скопје до Неготино и назад за сите кои сакаат да присуствуваат на протестот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Данела не помогна, Герасимовски го исчисти ѓубрето во Центар

Следно

Халеп објави крај на кариерата

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Дивите депонии околу гробиштата се отстранети

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад околу оградниот ѕид на Старите градски гробишта. И покрај редовните молби и известувања, купишта отпад продолжуваат да се оставаат на

Бизнисменот Главчев пријавил тројца обвинители од СЈО – за барање поткуп

По окончување на судскиот случај „Поштенска банка“ во полза на обвинетите во 2024 година, како што пишува порталот ПлусИнфо еден од нив, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, во јануари годинава, поднел кривична пријава против поранешните

„Марив“: Израел врши притисок врз САД за копнена операција врз Иран

Весникот наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници се за воена ескалација, оценувајќи оти евентуален договор во оваа фаза претставува „јасна победа на Иран“. Неименуван израелски безбедносен извор тврди дека
Go toTop