Данела не помогна, Герасимовски го исчисти ѓубрето во Центар

February 4, 2025
1 min read

‘Утрово, со механизација го исчистивме сметот во населбата Крњево и улиците „Шарски одреди“ и „Бел Камен“ во Капиштец, како дел од големата акција за чистење на Центар. Се грижиме за чисто, уредно и здраво опкружување, ги уредуваме јавните површини и ја подигнуваме хигиената на повисоко ниво’, напиша градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на својот ФБпрофил..

Тој ги повикув граѓаните да пријават смет и дива депонија, при што допиша ‘веднаш ќе постапиме’!

ВО своја објава Герасимовски посочи и дека утрово, повторно се соочиле со истата грда глетка од минатата недела.

„Контејнери преполни со ѓубре, а Град Скопје не исчисти ни викендов. Нашите општински служби веднаш го отстранија сметот што беше оставен на неколку локации во Центар. Постојано го повикуваме градското претпријатие ‘Комунална хигиена’, но одговорот е дека имаат недоволен број вработени и стара дотраена механизација, која е делумно расипана. Но, ова не е оправдување! Штом ние, со нашиот број вработени и со сегашната механизација, успеваме да го решаваме проблемот, сигурен сум дека доколку ни се дадат поголеми ингеренции, механизација и број на вработени, хигиената ќе биде на доста повисоко ниво. Центар не чека, Центар чисти!“, напиша актуелниот градоначалник на Центар, Герасимовски.

Откога Центар минатата недела се соочи со неисчистени јавни површини и преполни контејнери со смет, што е работа на Град Скопје, кој е надлежн за чистење одредени улици во оваа општина, градоначалникот Горан Герасимовски ја почна големата акција за чистење.

Граѓаните задоволни од активноста затоа што ниеден градоначалник досега хигиената ја нема ставено во прв план на работа и на комуникација, а тоа треба да биде основната задача. Акцијата трае една недела.

Во изјави за медиумите Герасимовски постојано упатува апели до надлежните институции да се фатат за работа, но утрово граѓаните повторно се соочија со ваква неубава глетка како минатиот викенд, каде што градската администрација потфрли во чистењето на општината.

Во акцијата, која е за поздравување, активирани се 120 хигиеничари, кои работат во две смени. Нашата редакција дава голема поддршка на кампањата за чистење на општина Центар, потребно е да се грижиме за средината во која живееме, важно е да ги едуцираме граѓаните, но и младите, дека отпадот се фрла во канта за ѓубре, а службите мора поажурно да си ја извршуваат работата за која се платени.

Ова е повторна слика кога летото 2023 година на горештини, кои го надминуваа 40. степен, контејнерите беа претрупани со ѓубре. Герасимовски и тогаш прв иницира акција за чистење и миење на улиците по што се активираа и другите градоначалници, кои ѓубрето од општините го носеа директно на депонијата „Дрисла“.

Герасимовски со години е гласен во потребата за одржување јавна хигиена. Тој неколкупати досега со свои ресурси и механизација чисти и онаму каде што Општината нема ингеренции.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тодор Кулаков: Иронија на судбината или не, по прегазувањето на Фросина автомобилот го оставил пред нашата зграда

Следно

Протестен марш во Неготино: Сите жртви на сообраќајното насилство заслужуваат правда

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop