Протест за одбрана на МКЦ: Граѓаните гласни против партизација на културата и музиката

January 22, 2023
1 min read

Денеска, пред Македонскиот културен центар се одржува протест во одбрана на оваа институција. 

Голем дел од присутните – музичари, независни уметници, љубители на музиката и културата гласно кажаа „НЕ” за смената на директорот и последниот обид да се партизира оваа институција.

„МКЦ не е партиска цицка“ и „Културата е скапа! Некултурата поскапа!“, беа дел од паролите истакнати на протестот. Иако на настанот беа присутни повеќе од стотици граѓани, она што особено дава надеж е големиот број на млади луѓе кои беа присутни и гласни на овој настан. 

Според нив, најголемото незадоволство произлегува од фактот што оваа институција е единствената музичко-културна установа, а која дефинитивно не само што заслужува поголем буџет и грижа за нејзиното функционирање, туку и луѓе кои соодветно ќе ја водат. 

Присутните велат дека се изреволтирани од кратењето на буџетот за 2023 година, но и смената на претходниот директор Ванчо Богоев, долгогодишно вработен во оваа институција, кој според вработените одлично го познава МКЦ, како сите маани, недостатоци и потреби на оваа културна институција, значајна не само за главниот град, туку и за целата држава. 

На негово место беше назначен нов директор, кој само неколку дена претходно е вработен во институцијата преку Агенцијата за привремени вработувања, а е детектив по професија. 

Настанот е организиран од колективот „Гола планина” а е предвиден да трае до попладневните часови. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се истражува трансферот на Осимен

Следно

Објавен француско-германскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop