Протест во Тирана против законот за родова еднаквост

November 15, 2025
1 min read

 Во организација на Коалицијата „За семејство и живот“ на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, одржан беше протест против законот за родова еднаквост, барајќи претседателот Бајрам Бегај да не го не потпишува уредба, бидејќи „ги нарушува вредностите и традиционалната структура на албанското семејство“.

Организаторите обвинија дека законот воведува концепти кои, според нив, не се совпаѓаат со албанската култура и традиција и повикаа на поголема јавна дебата.

Се обрати и теологот Сокол Кондакчиу наведувајќи дека законот воведува нов концепт за родот, вадејќи го од неговиот природен и значаен контекст, и го нарече „антихуман“ проект што ги нарушува бракот, децата и традиционалните вредности.

На плоштадот присуствуваа голем број граѓани, од сите делови на земјата, а имаше и деца облечени во народни носии, што според нивните родители симболизира заштита на албанскиот идентитет.

„Како е можно сите оние што доаѓаат од едно семејство да се против семејството? Загрижени сме за нашите деца, каков ќе биде нивниот живот подоцна со овој закон. Не посакувам ниту едно дете да биде пред овие валкани работи што се прават, изјави мајка на две момчиња.

Учесиците носеа транспаренти на кои меѓу другото пишуваше „Убијци на традицијата = Предавници на нацијата“, изразувајќи стравувања дека законот би можел да влијае на помладите генерации.

Протестот мина без инциденти, а организаторите предупредија дека граѓанските иницијативи за спротивставување на законот ќе продолжат во наредните денови.

Споменатиот закон албанскиот парламент го усвои на 6 ноември, со 77 гласови „за“(пратениците од владејачкото мнозинство) и 36 „против“, оние од опозицијата. Против законот претходно се изјаснија и поглаварите на верските заедници во земјата, како и дел од невладинот сектор.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европскот првак е на чекор до Мундијалот, Австрија исто…

Следно

ВИДЕО Бурата Клаудија ги поплави Велика Британија и Ирска, многумина останаа без струја

Latest from Blog

МИНУСНИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Променливо облачно време со силен северен ветер

Утре во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во претпладневните часови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој локално ќе надминува 60 km/h, особено вдолж

Колку наплаќаат банките во Македонија од исплати во странство?

Минатата година од октомври, банките во Македонија, Албанија, Црна Гора и Молдавија, започнаа со извршување трансакции преку СЕПА, што претставува конкретен чекор кон финансиска и економска конвергенција со Европската Унија. Членството во

Макрон повторно е ѕвезда на социјалните мрежи по она што го направи во Индија- ги носеше и познатите очила (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно стана ѕвезда на социјалните мрежи откако беше снимен како џогира по крајбрежната улица во Мумбаи наутро, облечен во шорцеви и очила за сонце, привлекувајќи го вниманието на
Go toTop