Протест во Тирана против суспендирањето на платформата ТикТок

March 15, 2025
1 min read

На повик на лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша,  вечерва пред владата во Тирана се одржа протест  под мотото ” Младината против цензура – во одбрана на слободниот глас”, како реакција на владината одлука за привремено суспендирање на ТикТок во државата . 

Обраќања имаа повеќе млади од различна возраст, како и претседателите на младинските форуми на опозициските ДП и Партијата на слободата.

Сите без исклучок повеќе наликуваа на обраќања на партиски митинг,  изобилуваа со обвинувања до премиерот Еди Рама и завршуваа со зборот “победа”.

-Пристапот до видео платформата во Албанија, како што соопшти владата, ќе биде блокиран една година, почнувајќи од 13 март, се додека компанијата не постави сигурносни филтри, но платформата се уште е активна.

Бериша, во изјава за медиумите по протестот,  и вечерва обвини дека Рама сака да ја блокира социјалната мрежа од изборни причини бидејќи голем број млади се мајтапеле со него, објави АТА.

Генералниот секретар на демократите и координатор на пратеничката група, Фламур Нока за медиумите рече дека “премиерот Еди Рама ќе остане во историјата како непријател на слободниот говор на Албанците”.

– Рама паничи поради слободата на говорот.  ТикТок е најнеконтролираната апликација од владата, каде што му се симнува маската на Рама. Затоа  се обидува да ја цензурира. Ќе остане во историјата како непријател на слободата на говорот и Албанците,  обвини Нока.

Одлуката за привремено суспендирање на платформата беше иницирана од албанската Влада откако, во ноември, тинејџер избоде до смрт друг тинејџер по расправија што наводно започнала на ТикТок.

Протестот мина мирно, иако најавен како национален учеството беше симболично и наместо најавените два часа траеше нешто повеќе од час.

Инаку, за безбедноста беа ангажирани 1200 полициски службеници од сите сектори  имаше пет цистерни со вода во случај на потреба. По целиот булевар ” Национални херои” поставени беа камери со висока резолуција, а влезот во владината зграда заштитен со метални огради. Засилено беше  обезбедувањето пред парламентот, зградата на општина Тирана и Министерство за внатрешни работи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентите прогласија крај на протестите пред Собранието на Србија по инцидент

Следно

Пленковиќ отпуштен од болница по операцијата

Latest from Blog

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.
Go toTop