Протест на опозицијата во Белград: Полицијата ги растури демонстрациите на граѓаните

December 25, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Припадници на полицијата синоќа ги растурија демонстрациите пред Собранието на градот Белград, известува Анадолу.

Голем број полицајци во оклопни одела и припадници на жандармеријата од правец на Народното собрание дојдоа до Собранието на градот каде што опозицијата организираше протест.

Од Собранието на градот излегоа и припадници на полициската бригада, растурајќи ги демонстрациите.

Насобраните граѓани избегаа од полицијата и пред Собранието на градот останаа само новинарските екипи. Жандармеријата ги оддалечи граѓаните што немаа новинарски акредитации.

Во Белград вчера е одржан седмиот масовен протест на коалицијата „Србија против насилството“ пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), а во еден момент опозицијата се обиде да влезе во зградата на Собранието на градот.

Во зградата имаше полиција во опрема за растурање демонстрации, а вратата на Собранието беше скршена. Полицијата од зградата ги прскаше демонстрантите со големо количество солзавец.

Министерството за внатрешни работи ги повика учесниците на протестот и организаторите на собирот „Србија против насилството“ да ги почитуваат законите на Република Србија, не нарушувајќи го јавниот ред и мир и да се воздржат од насилни обиди за влез во Собранието на градот Белград.

Поголем дел од граѓаните учесници на протестот стоеја мирно, додека неколкумина се обидуваа да влезат во Собранието. Зградата ја гаѓаа со камења и летви, а полицијата стоеше на влезот и на прозорците.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето обраќање до јавноста по повод протестот на опозицијата порача дека државата е доволно силна да ја одбрани Србија, а бунтовниците ќе бидат приведени.

Лидерите на коалицијата, на кои им се приклучија и други претставници на опозицијата, ги повикаа граѓаните на протест, кој го најавија како најмасовен, со барање за поништување на изборите на сите нивоа и распишување нови.

Граѓаните во масовен број се собраа изминатите денови пред РИК, а студентите најавија радикализација на протестот, односно блокада на Белград на повеќе локации, кои треба да почнат денес во 12 часот, а ќе траат до 18 часот.

Поради многубројните нерегуларности за време на изминатите избори, во штрајк со глад стапи потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, а потоа ѝ се придружија пратеничките Јелена Милошевиќ и Даниела Грујиќ, лидерот на Движењето за пресврт, Јанко Веселиновиќ, и претседателот на Здружението на синдикатите на Србија „Слога“, Жељко Веселиновиќ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Автомобил се преврте на кров утрово во скопско Црниче

Следно

(ВИДЕО) Пукање во трговски центар во Колорадо – едно лице загина, три се ранети

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop