Протест на косовските Срби против забраната на динарот

February 12, 2024
1 min read

Во Северна Митровица за денеска е најавен протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како готовинско платежно средство во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот го организира Здружението на пензионери од Северна Митровица, а го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), која ги повика Србите од цело Косово да се приклучат на протестот, со цел, како што порача, да се спротивстават на „одлуката на режимот во Приштина да се укине динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ“ во Косово.

-Српска листа го поддржува најавениот мирен протест на граѓаните во Косовска Митровица, кој го најави здружението на пензионери, а воедно ги повикуваме сите наши граѓани од Косово и Метохија да учествуваат на овој демократски протест во понеделник, 12 февруари во 12:00 часот, а против одлуката на режимот во Приштина се укинат динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ, од апсењето на нашите невини сограѓани, милитаризацијата на северот, до бруталниот упад на косовските специјални сили во просториите на српските институции, се вели во соопштението на СЛ.

Според таа партија, која е отворено поддржана од официјален Белград, масовното присуство на граѓаните од српска националност на протестот е „исклучително важно“, за да ѝ се покаже на Приштина дека Србите се спротивставуваат на тие „антисрпски одлуки“ и дека сакаат „да живеат во мир на своите вековни огништа“.

На намерата на Владата на Албин Курти да почне со спроведувањето на одлуката за забрана на динарот се спротивставија и САД и Европската унија, кои не го негираат уставното право на Приштина да го воведе еврото како единствено платежно средство во државата, меѓутоа бараат подолг транзициски период, со цел да не се влијае на економската благосостојба на српското малцинство, кое во голем дел користи средства од Србија кои досега им се исплаќаа во динари.  (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На полноќ истекува рокот од Преспанскиот договор за валидноста на документите за меѓународна употреба

Следно

Зеленски именуваше четворица нови воени команданти на Украина

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop