Протечени документи сугерираат на неубеденост на САД дека Украина брзо ќе ја победи Русија

April 13, 2023
2 mins read

ВАШИНГТОН (АА) – Протечените документи, кои очигледно им припаѓаат на американските разузнавачки служби, сугерираат дека администрацијата на Бајден не е сигурна дека Украина може брзо да спроведе контраофанзива што ќе ги исфрли руските трупи од земјата, пренесува Анадолу.

Повеќе документи, чија автентичност Вашингтон постојано одбиваше да ја потврди или негира, веќе променија многу од највиталните односи на САД, очигледно разоткривајќи ги процените зад затворени врати што ги вознемирија сојузниците и партнерите.

Последниот дел датира од февруари и март и ја покажува мрачната американска процена за украинските сили, вклучително и анализа на ракетите за противвоздушна одбрана со среден дострел што се користат за спречување на руските напади.

Украинските резерви на таа муниција би можело да бидат „целосно намалени до 23 мај“, се вели во еден од доверливите документи објавен од Си-ен-ен. Тоа ќе ѝ овозможи на Русија да преземе воздушна супериорност во Украина, што би имало разорни ефекти за копнените сили на Украина што се очекува да играат главна улога во очекуваната пролетна контраофанзива.

Но иако документите поттикнуваат прашања во врска со украинските подготовки, тие на сличен начин даваат слаба процена на руските сили и предвидуваат ќор-сокак меѓу завојуваните страни.

„Руската кампања на изнемоштување во регионот на Донбас најверојатно оди кон ќор-сокак, спречувајќи ја целта на Москва да го заземе целиот регион во 2023 година“, се вели во еден од документите што го пренесе Си-ен-ен.

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, во вторникот вети дека ќе го пронајде изворот на неовластеното обелоденување, ветувајќи дека „ќе истражиме и ќе го превртиме секој камен додека не го најдеме изворот на ова и неговиот обем“.

Министерството за правда и Пентагон отворија истраги за тоа како протекле тајни документи без овластување и чија е одговорноста.

Поголем дел се грубо направени фотографии од документи со ознаки што носат различни нивоа на доверливост и се чини дека се превиткани, според фотографиите што кружат на социјалните мрежи. Некои имаат печат на Здружениот штаб.

Тие циркулираа на Дискорд, платформа за пораки популарна кај стримерите за видеоигри, најмалку еден месец пред да бидат пријавени од весникот „Њујорк тајмс“ на 5 април, според истражувачката веб-страница Белингкет.

Многу од документите датираат од март и се однесуваат на војната во Украина, како силата и бројот на жртви во војските на Киев и Москва. Други даваат страшна слика за нивото на муниција во Украина пред очекуваната контраофанзива за понатамошно потиснување на руската окупација.

Белингкет истакнува дека видел докази дека некои документи од јануари би можело да се објавени пред траншата што првично привлече медиумско внимание откако беа повторно објавени на руски канали на Телеграм.

На прашањето дали документите што циркулираат на интернет со недели, а можно и со месеци пред да бидат откриени означува знак на неуспех на разузнавањето, Остин рече дека САД знаат само за документите од 28 февруари и 1 март.

„Не знам дали има други документи што биле на интернет пред тоа. Тоа се работи што ќе ги дознаеме во продолжение на истрагата“, рече тој. „Ќе продолжиме да истражуваме и ќе се обидеме да го откриеме целосниот обем на активностите.“

Пентагон нагласи дека документите претставуваат „многу сериозен ризик“ за националната безбедност на САД и „имаат потенцијал да шират дезинформации“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бензема на чекор до Левандовски во Лигата на шампиони

Следно

Општина Петровец подели 95 хуманитарни пакети

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop