Просторот кај поранешна фабрика Алумина заслужува да биде уреден плански, вели Стевче Јакимовски

December 17, 2023
1 min read

реклама


Просторот кај поранешна фабрика Алумина заслужува да биде уреден плански.

Градоначалникот Стевче Јакимовски и денеска излезе со став дека блокирањето на носењето на ДУП-от за Алумина не е непозната пракса за советниците.

реклама

„Јас ги повикав сите советници и предложив, секоја советничка група нека каже и нека одлули кои два плана се спремни да ги поддржат , можат ли да одговорат зошто не гласаат и за планови каде што имаме само куќи? Зошто советниците на Вмро дпмне гласаа против планот во Злокуќани , еве нема згради во тој дел .Кажуваат приказни немало градинки , а во урбанистичкиот план е предвидено градинка, можат ли да објаснат зошто урбанистичкиот план за Жданец не го гласаат, 57 хектари се само куќи и каде што имаме одобрение од Град Скопје.Приказните нивни немало канализација , не чинело , ако конкретно зборуваме за Алумина имаме цевки Ф 500 , влегуваат во Ф 600 и во непосредна близина е колекторот Ф 700.За споредба само да знаете до пред 6 години по Партизанска канлизационата цефка беше ф 500“, вели Јакимовски.

Јакимовски рече дека од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ се прават опструкции за недонесување на Буџетот на Општината за 2024 година и за важни проекти за граѓаните. 

реклама

„Одбиваа да гласаат детални планови каде што има само куќи и каде што граѓаните бараат постојано да доградат, но, очигледно дека ваквите деструктивци се погрешен избор за граѓаните во општината. Останува да се бориме против ваквите деструкции и очекувам поддршка од граѓаните токму на оваа тема. Да се деблокира работата на буџетот, да се поддржат овие програми“, подвлече Јакимовски. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: Појасот Газа се соочува со невидена криза за храна и глад

Следно

Митева: Европските пријатели со кои се фалеше Ковачевски се невидливи, поради криминалот и корупцијата во врвот на власта Македонија не ги започна преговорите

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop