Пронајдените отпачетоци од убиецот на грчкиот навивач се на грчки државјанин, велат непотврдени информации што ги објавија хрватски медиуми

August 8, 2023
1 min read

Хрватската „НоваТВ“ вечерва објави неофицијални информации според кои грчката полиција пронашла отпечатоци од убиецот на 29-годишниот навивач на грчкиот клуб АЕК и дека тие се на грчки државјанин.

Сомнежите се дека во синоќешните немири во Атина, предизвикани од навивачи на хрватскиот клуб Динамо Загреб, учествувале и навивачи на грчкиот клуб Панатинаикос кои се ривали со АЕК, па можно е убиецот да се бара меѓу нив. Но ова се непотврдени информации.

Инаку, како што јави „НоваТВ“, во текот на целиот ден, грчката полиција апси хрватски навивачи барајќи ги по хотелите и другите сместувачки капацитети во грчкиот главен град.

Грчката полиција привела 19-годишен Хрват осомничен дека учествувал во хаосот во Атина на грчкиот граничен премин Какавија кон Албанија. Наводно, младиот човек се обидел да избега од државата со автобус.

Хрватски навивачи, фанови на Динамо Загреб, кои биле учесници во хулиганскиот судир во Атина, денеска се обиделе да избегаат и преку Македонија. Едно комби возило со седуммина навивачи е сопрено на граничниот премин Евзони кон С Македонија, а во него биле пронајдени палки и ножеви. Навивачите се приведени.

Хрватската „НоваТВ“ претходно објави дека грчката полиција знаела дека во земјата доаѓаат хрватски навивачи. Се одлучила за т.н. дискретна придружба. Со свои возила ги следела навивачите се до Атина. Но таму, во милионскиот град, навивачите на Динамо Загреб, свесни дека ги следат, се разделиле и се упатиле во различни правци, а полицијата се изгубила незнаејќи кого да следи. Потоа, Хрватите се паркирале во некој парк, формирале група и го предизвикале синоќешниот инцидент во кој загина еден грчки навивач, друг се бори за живот, а најмалку уште десет лица беа повредени. Полицијата уапси 96 лица, меѓу кои 82 Хрвати. Потрагата по други учесници во немирите трае цел ден.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Медиуми: Баерн не се откажува од Кејн

Следно

Гонсало Рамос позајмен на ПСЖ

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop