Пронајдени живи четирите деца исчезнати 40 дена во амазонската џунгла

June 10, 2023
1 min read

БОГОТА (АА) – Чудо во џунглата е тоа, како што Колумбијците го опишуваат вчерашното наоѓање на четирите домородни деца што преживеаја 40 дена во амазонската џунгла по падот на авионот со кој летале, јавува Анадолу.

Децата летале на 1 мај од Аракуара, во провинцијата Амазонас, до Сан Хозе дел Гуавијаре, во југоисточна Колумбија кога авионот имал дефект и паднал. Во падот загинаа тројца возрасни, меѓу кои и мајката на децата.

Малолетниците почнале да талкаат во џунглата за да најдат помош. Започна интензивна потрага по нив од страна на војската наречена „Операција Надеж“.

Командосите за пребарување користеа различни стратегии за да ги најдат децата, дури и емитуваа порака снимена од нивната баба на нивниот домороден јазик во која им вели да останат на едно место.

Повеќе од еден месец командосите ги следеле трагите оставани од децата: бебешко шише, отпечатоци со големина на мало дете во калта, гризнато овошје и пелена.

Тројца членови на тимот биле дел од домороден народ што го знаеле теренот на непријателската џунгла.

Лесли Џакобомбаире Мукутуј, 13; Солејни Џакобомбаире Мукутуј, 9; Тиен Нориел Ронок Мукутуј, 4; и Кристин Нериман Ранок Мукутуј, која имала само 11 месеци, биле пронајдени со знаци на дехидрација, неисхранетост и инфекции.

Колумбискиот претседател Густаво Петро ја изрази својата среќа на Твитер.

„Радост за целата земја! Четирите деца што беа изгубени 40 дена во колумбиската џунгла се пронајдени живи“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фредерико Киеза пред трансфер во Премиерлигата

Следно

Манчестер Сити против Интер за крај на оваа сезона во ЛШ

Latest from Blog

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма
Go toTop