Пронајдени седум мигранти од Сирија, криумчарот приведен

January 16, 2024
1 min read

Триесетгодишен жител на село Градошорци, општина Василево, И.М., вчеравечер околу 19.40 часот во струмичкото село Костурино бил приведен од полиција, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Во неговото возило биле откриени седум  мигранти од Сирија. И.М. го лишиле полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток.

-Околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано Валандовско брдо, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „бмв“, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото „бмв“, со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

MrBeast го објави своето прво видео на платформата X, има речиси 30 милиони прегледи

Следно

Немаат клупи, а не пак дигитални табли и учебници

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е
Go toTop