Пронајдени се телата на италијанските нуркачи на Малдивите

May 18, 2026
1 min read

Телото на петтиот член на групата е пронајдено порано, по несреќата што се случи во четвртокот.

Италијанските државјани биле пронајдени во пештера длабока 60 метри на атолот Ваву, благодарение на заедничката акција на специјално обучени фински и малдивиски нуркачи, соопштија локалните власти. За време на потрагата по телата, во саботата почина и еден нуркач-спасувач.

Популарна туристичка дестинација

„Дополнителни нуркања ќе бидат извршени во наредните денови за да се извлечат телата“, објави портпаролот на владата на Малдивите, Мохамед Хосеин Шариф, во порака до Би-Би-Си.

Се верува дека ова е најлошата несреќа со нуркање во малата островска нација во Индискиот Океан, популарна туристичка дестинација позната по низата корални острови.

Жртвите се идентификувани како вонреден професор по екологија на Универзитетот во Џенова, Моника Монтефалконе, нејзината ќерка Џорџија Сомакал, морскиот биолог Федерико Гуалтиери, истражувачката Муриел Оденино и инструкторот за нуркање Џанлука Бенедети.

Телото на Бенедети беше пронајдено во четврток во близина на влезот на пештерата. Властите веруваат дека преостанатите четири нуркачи влегле во пештерата. Причината за смртта сè уште се истражува.

Лошото време го отежна пребарувањето

Нуркачот спасувач Мохамед Махуди, член на Националните одбранбени сили на Малдивите, почина од декомпресија откако беше однесен во болница во главниот град во саботата. Тој беше погребан со сите воени почести на погребот одржан во саботата вечерта, на кој присуствуваше претседателот на Малдивите Мохамед Муизу.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани објави дека ќе се направи сè за да се вратат телата на жртвите дома и изрази сочувство за смртта на Махуди. Лошото време за време на целата операција го отежна пребарувањето и спасувањето.

Рекреативното нуркање е ограничено на длабочина од 30 метри

Италијанскиот туроператор што го организираше нуркачкото патување ги негираше тврдењата дека одобрил или знаел за длабокото нуркање што ги надминало локалните ограничувања, потврди адвокат на туроператорот за италијанскиот дневен весник „Кориере дела Сера“.

Рекреативното нуркање на Малдивите е ограничено на длабочина од 30 метри. Универзитетот во Џенова објави во петокот дека Моника Монтефалконе и Муриел Оденино биле на Малдивите како дел од официјална научна мисија за следење на морската средина и проучување на влијанието на климатските промени врз тропскиот биодиверзитет.

Но, нуркачката активност за време на која се случила фаталната несреќа не била дел од планираното истражување, туку била „организирана приватно“, според соопштението.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опозицијата праша кој му ги плаќа патувањата на Фетаи, кој денес не се појави на пратенички прашања

Следно

Хаверц го однесе Арсенал на чекор до титулата!

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop