Хаверц го однесе Арсенал на чекор до титулата!

May 18, 2026
1 min read

Фудбалерите на Арсенал направија голем чекор кон освојување на титулата во Премиер лигата, бидејќи славеа во натпреварот од претпоследното коло на домашен терен против Барнли со 1:0 и со тоа дојдоа до пет бода повеќе и со натпревар повеќе од Манчестер Сити.

Стрелец на единствениот гол беше Хаверц, кој во 37-та минута се најде на вистинското место и со удар со глава ја затресе противничката мрежа.

Иако Барнли изгледаше како „лесен залак“ пред почетокот на натпреварот, 90 минути во Северен Лондон покажаа дека се тивки, но паузата повторно беше сојузник на Арсенал на патот до голема победа.

По оваа победа, сè освен победата на Сити во Борнмут ќе му ја донесе титулата на Арсенал, додека триумфот на „граѓанинот“ ќе го одложи прашањето за шампион на Англија, иако е јасно дека големата предност е на страната на лондонскиот клуб.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдени се телата на италијанските нуркачи на Малдивите

Следно

ВМРО-ДПМНЕ избра нов портпарол и нови претседатели на општински комитети

Latest from Blog

Депортиво и Елче ги поделија бодовите

Во единствениот меч од денешката Примера програма екипата на Депортиво Ла Коруња на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика и одигра 1:1, со тимот на Елче. Домаќинот

Русија е во потрага по синот на американскиот министер за здравство- се борел на страната на Украина

Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди помладиот, ја презеде

Државата ќе продава скоро 1.000 хаварисани возила – одат на лицитација како старо железо, еве кои се условите за купување

Агенцијата за управување со одземен имот става на продажба дури скор 1.000 хаварисани возила, кои ќе се нудат во еден закупен пакет исклучиво за третман како отпаден материјал. Возниот парк од конфискувани

Тимот на Инфантино се распаѓа, Кевин Ламур си поднесе оставка

Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, инаку еден од најблиските соработници на претседателот на кровната фудбалска институција во светот, си замина од функцијата односно си поднесе оставка. Потегот се случува по серијата

Венецуела бара од Британија да им врати 31 тон злато, вредно 4 милијарди долари

Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус е постигнат по две недели преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, а целта е да се деблокираат
Go toTop