Пронајдени две јагленосани тела во пожарите во централна Грција

July 27, 2023
1 min read

Во битката со огнената стихија низ Грција помагаат пожарникари и средства од 11 земји

ФОТО: EPA-EFE/DAMIANIDIS LEFTERIS

На две различни локации во грчката област Магнисија, вчера, во одделни случаи се пронајдени јагленосани тела на еден маж и една жена, јави МИА.

Според грчките медиуми, станува збор за жртви во големиот пожар активен од попладнето во конкретниот регион.

За пронајдените тела информираа од противпожарната служба на Грција.

Поради пожарот што изби вчера во близина на градовите Волос и Велестино во областа Магнисија, во текот на ноќта имаше превентивни евакуации на неколку населени места.

Паралелно, во Грција се уште сѐ активни пожарите на островите Родос, Крф и Евија.

На Родос гори веќе десетти ден, меѓутоа ситуација е значително подобрена во споредба со изминатите денови, додека пак на Евија и Крф пожарите речиси и да се ставени под контрола, иако се уште горат одредени помали жаришта

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос вчера рече дека за 24 часа во земјата имало 61 нов пожар и истакна дека вчерашниот ден беше најтежок летово. 

Посочи дека во битката со огнената стихија помагаат пожарникари и средства од 11 земји. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Де Хеа се подготвува да замине во Баерн Минхен

Следно

Анчелоти за победата над Манчестер јунајтед: Беше добар натпревар

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop