Пронајдена пушка и куршуми при претрес во Кисела Вода

1 min read

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачје на Кисела Вода вчера во 18.20 часот го лишиле од слобода М.Ј.(62) од Скопје.

– При претрес во неговиот дом, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, пронајдени се ловечка пушка карабин и пет куршуми, информираат од МВР.

Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од Кривичниот законик.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Дојава за поставена бомба во Обвинителството на Бугарија

Следно

Роналдо дојде до 503. првенствени голови

Latest from Blog