Промовиран прирачник за машкото здравје „Фокусирај се на себе, за себе“

June 5, 2024
1 min read

Задружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ од Прилеп  синоќа го промовираше раритетниот прирачник „Фокусирај се на себе, за себе“, посветен на грижата за машкото здравје.

Во месецот на машкото здравје, јуни, Здружението со прилози и совети на истакнати стручњаци, го претстави прирачникот пред јавноста за да укаже на потребата од грижата, уште повеќе во превенцијата на машкото здравје.

-Целите ни беа мажите да може да ги препознаат симптомите на оние заболувања кои може да го загрозат нивното здравје, да знаат каде да се обратат, на што да посветат внимание, како да го зачуваат своето здравје. Тоа не е само машки проблем, туку проблем е и на целото семејство. Во прирачникот посветивме внимание не само на битните превентивни прегледи, туку и на високиот крвен притисок, на дијабетесот, карциномот на простата, на тестис, на болестите на зависност, а дадовме и насоки за здрав живот и за физичките активности, рече Петра Лукароска, претседателка на здружението „Филип Лукароски“.

Потребно е да се симнат табуата и често да се прават прегледи.

-На глобално ниво, а и кај нас, се почесто се истакнува прашањето за машкото здравје. Треба мажите повеќе да ги поттикнеме за почеста посета на лекарите. Секој современ маж мора да прави редовни прегледи, изјави специјалист уролог доктор Арменд Арслани од болницата од Струга.

Според податоците, жените живеат пет години подолго од мажите и една од причините е што здравјето кај мажите често се смета за табу тема и за слабост.

-Добро е што овој прирачник ја погледна светлината на денот за да ја видиме вистината дека нема машки и женски болести. Да се надминат предрасудите дека мажите не треба да искажуваат и да имаат емоции. Напротив, кога ќе почувствуваат нешто, треба да се грижат за своето здравје. Треба да ја негуваме таа здравствена култура и за физичкото и за менталното здравје, рече социологот Татијана Стојановска-Иванова, професор од Филозофсакиот факултет од Скопје.

Здружението „Филип Лукароски“ има бројни активности со трибини и дебати за унапредување на здравјето.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кибер напад врз пет болници во Лондон – откажани операции и трансплантации

Следно

Фуенте останува шпански селектор до 2026

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop