Промовиран нов модул за електронска евиденција на здравствените прегледи од медицина на трудот – исчекор кон целосна дигитализација на здравствените услуги

August 7, 2025
1 min read

Министерството за здравство денеска го промовираше новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на трудот. Како што информираше министерот за здравство, Азир Алиу, модулот е изработен од страна на Управата за електронско здравство во соработка со Здружението на лекари специјалисти по медицина на труд и Институтот за медицина на трудот.

– Модулот овозможува електронска евиденција на здравствените прегледи кои досега се спроведуваа исклучиво на хартија, со што се прави значителен исчекор кон целосна дигитализација на здравствените услуги во оваа област. Овој модул претставува значаен напредок во дигитализацијата и модернизацијата на здравствените системи, кој носи конкретни придобивки за сите граѓани, работодавачи и здравствени работници во нашата држава. Во системот електронски се евидентираат здравствените прегледи за општа здравствена способност, за засновање работен однос, за здрасвствена и психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, како и прегледи за здравствена состојба за поседување и носење оружје, изјави Алиу.

Вели станува збор за прва електронска евиденција од ваков тип во националниот систем „Мој термин“, со што, како што рече, се овозможува електронски запис за издавање на лекарски уверенија и следење анализи и податоци во реално време.

– Во процесот на дигитализација нема да застанеме тука, туку ќе продолжиме во следниот период со креирање на портал за работодавците преку е-услуги за иницирање прегледи на вработените, интеграција во здравствените досиеја и прикажување во Мое здравје, како и целосна дигитализација на документите и поврзување со институции преку интероперабилноста, особено со Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за вработување, рече Алиу. 

Придобивките од модулот, како што рече министерот за здравство Алиу, се подобрување и ефикасност на здравствените установи и работодавците, намалување на административниот товар за граѓаните и за здравствените институции, безбедна размена на информации и прецизна евиденција, како и лесен пристап до податоците.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Туркиш ерлајнс“ превезе 51,2 милиони патници во периодот од јануари до јули

Следно

Внимавајте каде паркирате во Солун, од денеска нема да поминете само со казна

Latest from Blog

Коњановски: Ален и Адријан Рустемовски од Битола се вистински пример за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на манифестацијата „Спортисти на годината 2025“, на која двајца спортисти од Битола добија највисоки национални признанија. На настанот, заедно со секретарот на Општина Битола Борче

Василевска: Демократските стандарди на Македонија се меѓународно потврдени (ВИДЕО)

Пратеничката во Собранието на Република Македонија и редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Иванка Василевска, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа донело одлука за затворање на пост-мониторинг

По примерот на Австралија, уште една голема земја им забранува на децата користење на социјалните мрежи

Главниот економски советник на Индија ја повика владата да воведе ограничувања за возраста на апликациите на социјалните медиуми за да ја ограничи „дигиталната зависност“, предупредувајќи за користењето на платформите од страна на

Христова: Со регионалните центри за услуги граѓаните ќе добијат брзи и ефикасни административни услуги

На денешната собраниска седница за пратенички прашања свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова и упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за дигитална трансформација,

Истрагата за 11 полицајци во „ПУЛС“ стопирана – Експертите алармираат за слабости во обвинението и создавање перцепција на неправда

Запрена е истрагата за 11 полицајци и раководители, кои беа сомничени во случајот „Пулс“ за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ со смртни последици. Одлуката од Обвинителството е донесена откако е проценето дека
Go toTop