Промоција на списание „ШОК“ и прв роденден на „Дума ин Сума“ во Центар Јадро

October 17, 2024
1 min read

Во понеделник (21 октомври), со почеток во 19 часот во КСП Центар – Јадро ќе се одржи промоција на списанието за млади „ШОК“. Првиот број на списанието го означува и првиот роденден на „Дума ин Сума“, неформалното здружение за култура создадено од книжевничките Ивана Смилевска, Марија Бошковска и визуелниот уметник Дарко Алексовски.

Во период од една година, „Дума ин Сума“, одржа пет работилници за креативно пишување со млади во Скопје и Битола, три изложби, а сега и промоција на списание. „ШОК“ е списание за млади создадено од учесничките од првата па сѐ до петтата работилница на „Дума ин сума“ – „Поетиката на периодиката“

Работилницата се одржа летово, од 19 до 24 јуни, младите најпрво имаа шанса да истражуваат нефикционални книжевни форми преку читање на колумни, интервјуа, репортажи, патописи, стрипови, читајќи ги македонските периодични изданија – дневните весници, но и „Млад борец“, „Остен“, „Маргина“, „Лифт“, „Македонка“, „Тротоар“, „Современост“ „Екран“, „Наш свет“, „Тин Шема“…

Светот на периодиката им беше приближен на учесниците и учесничките и преку посетата на Одделот за периодика при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, како и Одделот „Книговезница“ а секој/а од младите доби и годишно членство во библиотеката, како поттик за понатамошни истражувања.  Впрочем, „Дума ин Сума“ делува со идеата дека пристапот до знаење треба да е подеднаков за сите.

Дополнително, пријавените на работилницата се здобија и со вештини за креирање, уредување и објавување на свој авторски текст онлајн и во печатена форма, испробувајќи уредување на текст во WordPress, блог форма или во платформи кои се базираат на вештачка интелигенција.

Спонтано, се создаде редакцијата која почна да го испишува „ШОК“. Инспирирани од содржините, младите напишаа авторски текстови опфаќајќи теми од екологијата, бавната мода, градскиот живот и хрониките на градот, ликовната уметност и квир културата. Плус, „ШОК“ не би бил „ШОК“ без „Шарените страници“ полни со стрипови, поезија, колажи, раскази и хороскоп.

Промоцијата ќе биде отворена со обраќање на Марија Бошковска и Ивана Смилевска, а ќе биде промовиранa и веб-страната dumainsumma.com изработена со безрезервната поддршка на Горјан Љубен.

На веб-страната се објавени текстовите напишани на работилниците на „Дума ин сума“, а по промоцијата, списанието „ШОК“ ќе биде достапно за бесплатно преземање и читање.

Оваа дигитална платформа е отворена за сите млади кои сакаат да добијат повратно мислење и објава на нивните авторски текстови.

Организаторите покануваат на торта и „ШОК“ и потсетуваат дека работилницата „Поетиката на периодиката“ е поддржана од Министерството за култура и туризам преку конкурсот „Цртај на македонски јазик“ 2024.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По 10.000 денари за јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар…

Следно

Филков за Лога: Ја разбирам неговата нервоза, но ќе продолжиме преку надлежните институции

Latest from Blog

Алиспахиќ во 24 анализа: Треба да има еднкавост во преземените мерки на сите осомничени за трагедијата во Кочани

Адвокатот Асмир Алиспахиќ во 24 анализа рече дека треба да има еднаквост во преземените мерки на сите осомничени за трагедијата во Кочани. Според него, не треба за едни да има ефективен притвор

Потпишан Меморандум меѓу турската МКЕ и АТС Груп од Северна Македонија за соработка во одбранбената индустрија

Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија, АТС Груп, потпиша меморандум за соработка со МКЕ – најголемата државна компанија од одбранбената индустрија на Туркије, пренесува Анадолу. На потпишувањето на меморандумот присуствуваа високи претставници

Ганиу и Герасимовски ќе се тркаат за нов мандат, Ѓорѓиевски ќе се бори за Скопје

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат градоначалниците на општините Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на Чаир Висар Ганиу и на Центар, Горан Герасимовски. Ги прашавме за локалните избори, а нивните

Меморандум за соработка меѓу АТС Груп и турската МКЕ кој вклучува отворање на фабрика за производство на барут во земја

Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп, попладнево потпиша Меморандум за соработка со  МКЕ – најголемата државна компанија од индустријата на Турција, кој опфаќа отворање на нова фабрика за производство на

Објавени се кои фудбалери се најплатени во Европа

Францускиот „Л’Екип“ направи истражување за најплатени фудбалери во најдобрите пет лиги во Европа, а на врвот се наоѓа напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе. Најголема месечна бруто плата во топ-5 лигите има
Go toTop