Промоција на научната студија „Типологија на писмото“ од Игор Радев во МАНУ

December 13, 2023
1 min read

Утре (четврток), со почеток во 12 часот, во Македонската академија на науките и уметностите ќе биде промовирана научната студија „Типологија на писмото“ од д-р Игор Радев, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик.

За книгата, која е издание на „Македоника литера“, ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова и авторот.

 

„Типологија на писмото“ е компаративно и научно изведена студија за видовите писма во светот, историјата и развојот на писмата, но и за писмата како фактор на влијание во развојот на културните системи низ историјата на човештвото. Врз основа на прецизни методолошки рамки авторот нуди нова типологизација на системите на пишување што се користат во светот.

Книгата се состои од три главни дела: во првиот е образложен концептуалниот апарат врз којшто се темели методологијата применета за да се изврши класификација и типологизација на разните писма, односно, системи на пишување на повеќе рамништа; во вториот дел нуди решение од теоретска природа на проблемот на односот помеѓу типот на писмото и својствата на јазикот кодиран од него; во третиот дел, со помош на анализа на конкретни примери од историскиот развој на писмото, ја оценува валидноста на понудената теорија.

 

Игор Радев (1977) дипломирал класични јазици на Филозофскиот факултет во Скопје, а магистрирал лингвистика и докторирал (доктор по кинеска филологија) во Пекинг, Народна Република Кина.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Касами како неосновани ги оцени обвинувањата од ДУИ за политички притисок во тетовско училиште

Следно

Пендаровски: Впечаток е дека САД и ЕУ се поревносни борци против корупцијата кај нас од некои институции

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop