Прогласена тридневна жалост во Грција по железничката несреќа

March 1, 2023
1 min read

Во Грција до петок е прогласена национална жалост, знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје, а одложени се сите јавни настани

ФОТО: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа кај Лариса во која најмалку 36 лица го загубија животот. Во несреќата се повредени 66 лица кои се хоспитализирани, а шест од нив се на одделот за интензивна нега.

Знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје, а одложени се сите јавни настани.

Претседателката Катерина Сакеларопулу рече дека ја прекинува посетата на Молдавија за да се врати во Грција по железничката несреќа.

„За жал, морам да ја прекинам мојата посета за да бидам блиску до мојот народ, да ги поддржам оние на кои тоа им е потребно“,

рече таа на прес-конференција во главниот град на Молдавија, Кишињев.

Таа изрази сочувство до оние што ги загубија своите најблиски во оваа катастрофа.

„Дури и во овој момент трае операција за спасување животи за да им се помогне на оние што се во возот на смртта“,

додаде таа.

Во меѓувреме акцијата за спасување на патниците од возот сè уште трае.

Еден од спасувачите кој веднаш пристигнал на местото на несреќата ја опишал катастрофата што ја затекнал.

„Ситуацијата беше трагична бидејќи имаше многу загинати, од еден по полноќ ги вадевме само мртвите. Повредените успеаја да избегаат од вагонот во првите час и половина по несреќата, а потоа само ги вадевме мртвите. 80 отсто од патниците беа млади, до 30 години“,

рече тој.

Несреќата се случи кусо пред полноќ, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО) Дали сте ја виделе оваа уникатна градба во Скопје наречена Малиот замок?

Следно

ЌЕ ВИ СЕ РАСПАРА СРЦЕТО ОД ОВОЈ ДЕТАЉ ВО НОВНИОТ ДОМ – таткото кој ја држеше за раката на мртвата ќерка доби на подарок целосно уреден стан, еве од кого (ВИДЕО)

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop