Прогласена тридневна жалост во Грција по железничката несреќа

March 1, 2023
1 min read

Во Грција до петок е прогласена национална жалост, знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје, а одложени се сите јавни настани

ФОТО: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа кај Лариса во која најмалку 36 лица го загубија животот. Во несреќата се повредени 66 лица кои се хоспитализирани, а шест од нив се на одделот за интензивна нега.

Знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје, а одложени се сите јавни настани.

Претседателката Катерина Сакеларопулу рече дека ја прекинува посетата на Молдавија за да се врати во Грција по железничката несреќа.

„За жал, морам да ја прекинам мојата посета за да бидам блиску до мојот народ, да ги поддржам оние на кои тоа им е потребно“,

рече таа на прес-конференција во главниот град на Молдавија, Кишињев.

Таа изрази сочувство до оние што ги загубија своите најблиски во оваа катастрофа.

„Дури и во овој момент трае операција за спасување животи за да им се помогне на оние што се во возот на смртта“,

додаде таа.

Во меѓувреме акцијата за спасување на патниците од возот сè уште трае.

Еден од спасувачите кој веднаш пристигнал на местото на несреќата ја опишал катастрофата што ја затекнал.

„Ситуацијата беше трагична бидејќи имаше многу загинати, од еден по полноќ ги вадевме само мртвите. Повредените успеаја да избегаат од вагонот во првите час и половина по несреќата, а потоа само ги вадевме мртвите. 80 отсто од патниците беа млади, до 30 години“,

рече тој.

Несреќата се случи кусо пред полноќ, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Дали сте ја виделе оваа уникатна градба во Скопје наречена Малиот замок?

Следно

ЌЕ ВИ СЕ РАСПАРА СРЦЕТО ОД ОВОЈ ДЕТАЉ ВО НОВНИОТ ДОМ – таткото кој ја држеше за раката на мртвата ќерка доби на подарок целосно уреден стан, еве од кого (ВИДЕО)

Latest from Blog

Најмалку седум ученици загинаа во експлозија во близина на училиште во Авганистан (ВИДЕО)

Седум ученици загинаа, а уште 99 други беа повредени во силна експлозија во близина на училиште во покраината Кунар во североисточен Авганистан, потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Талибанците, Абдул

Тоневски: Пробиштип со нови мерки за семејствата – прв дом без комуналии, повисок надоместок и бесплатна градинка

Од 1 јануари 2027 година, младите брачни парови до 35-годишна возраст во Општина Пробиштип нема да плаќаат комуналии при изградба на првиот сопствен дом. Од истиот датум, надоместокот за трето и

Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

На само пет минути возење од скопската обиколница и 10 километри од центарот на градот, во Волково официјално започна со работа Винарија Душа. Новата дестинација е замислена како простор за организирани тури
Go toTop