Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

November 28, 2026
1 min read

На само пет минути возење од скопската обиколница и 10 километри од центарот на градот, во Волково официјално започна со работа Винарија Душа. Новата дестинација е замислена како простор за организирани тури и дегустации со резервација, но и како локација за приватни настани, деловни средби и дружења за помали групи до 12 и поголеми групи до 50 луѓе.

„Затоа сакавме Душа да биде место каде што тоа ќе се случува, близу до градот, а сепак доволно далеку од секојдневието“, вели Емилија Димиќ, за која виното е повод луѓето да се соберат, да разговараат и да создадат спомени.

Гостите во Душа можат да изберат меѓу неколку вински искуства. Секое од нив носи водена тура низ винаријата, запознавање со производството и дегустација на четири вина: белото куве Ведрина, розето Зора, ароматичната Темјаника и новото црвено вино Допир, придружени со мезе даска или автентични македонски специјалитети. За љубителите на локалниот карактер, едно од искуствата е посветено токму на сортите Смедеревка, Темјаника, Станушина и Вранец, а пакетите лесно се прилагодуваат и за приватни прослави и тимски дружења.

Зад овој концепт стојат Небојша и Емилија Димиќ, брачен пар македонски електроинженери кои живеат во САД, со кариери во ИТ-индустријата и студии по енологија во Сиетл. Покрај винаријата во Волково, тие имаат и лозарско земјиште во Ресава, во срцето на Тиквеш, каде што растат речиси 50-годишни лози Темјаника со концентрирано грозје со карактер. Како што објаснува Небојша Димиќ, во Душа се спојуваат инженерската прецизност, анализата и современата технологија со креативноста, интуицијата и почитта кон традицијата.

Винаријата е основана во 2023 година врз семејна земја со долга историја. Имотот некогаш го купил прадедото на сопственикот со пари заработени градејќи железнички пруги во Америка и таму засадил лозје. Откако имотот се поделил меѓу наследниците, правнукот Небојша децении подоцна повторно ги откупил и обединил парцелите, а дел од тоа старо лозје и денес раѓа во дворот на винаријата.

https://www.instagram.com/dushawinery/

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Latest from Blog

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките.

Русија ја засили морнарицата со нова атомска подморница опремена со ракети „Циркон“

Северодвинск – Рускиот претседател Владимир Путин официјално ја воведе во составот на Воената морнарица атомската подморница „Перм“, на церемонија на подигнување на поморското знаме во северниот руски град Северодвинск, пренесува ДПА. Церемонијата на

Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег

Најниска температура утрово е измерена во Тетово шест степени, во Скопје, Берово, Крива Паланка, Охрид седум степени, во Битола осум степени, во Виница и Демир Капија девет степени и во Срумица 10. 
Go toTop