Проф. Шкариќ: Одложувањето на седницата на Уставниот суд за законот на јазиците покажува дека има политички притисоци

December 13, 2024
2 mins read

Во Северна Македонија, прашањето за употребата на албанскиот јазик како службен повторно предизвикува полемики. Законот за употреба на јазиците од 2018 година ја прошири официјалната употреба на албанскиот, вклучувајќи го и во институциите на централната власт, но беше критикуван како отстапување од Уставот. Иако претседателот Ѓорѓе Иванов го одби, законот беше објавен во Службен весник со потпис на претседателот на Собранието, што предизвика поделени реакции.

На последната седница на Уставниот суд, одлуката беше одложена поради отсуство на двајца судии од албанската заедница, додека третиот, припадник на турското малцинство, ја напушти седницата. Според пензионираниот професор Светомир Шкариќ, ова покажува политички притисоци. Тој истакна дека одлуката да се почека со дополнителна анализа и мислења, вклучувајќи од меѓународни експерти, е оправдана, особено во контекст на политичкиот амбиент.

Пензионираниот професор по уставно право на Правниот факултет во Скопје, Светомир Шкариќ, во емисијата „Светот и ние“ на телевизија Инсајдер рече дека е добро што одлуката засега е одложена, истакнувајќи дека еден од судиите е под голема притисок.

„Познавам еден од тие судии, Осман Кадриу, кој е одличен правник. Докторираше трудово право во Белград, беше член на Судскиот совет и е реномиран правник. Сепак, тој е под голем притисок. Верувам дека немаше да ја напушти седницата на Уставниот суд, туку ќе присуствуваше на неа, а своето несогласување со евентуалната одлука на судот можеше да го искаже со посебно мислење, кое ќе беше објавено во Службен весник. Но, се чини дека е под притисок на опозициската албанска партија и, според мене, веројатно бил принуден да ја напушти седницата за да може на некој начин да се стави во поповолна позиција. Но, тоа го става Уставниот суд во неповолна положба“, рече Шкариќ.

Политичкиот момент не е поволен за донесување таква одлука смета Шкариќ и затоа Уставниот суд со гласовите на пет судии правилно постапил во одложувањето на донесувањето на конечната одлука и ангажирањето на подготвителна седница. А, дополнително, сака да ги слушне мислењата на некои меѓународни експерти. Тоа е добро. Тоа е политичката димензија на конституционализмот.

На студентите секогаш им го кажувам ова – оценката за уставноста не е само правна категорија, не е само утврдување на усогласеноста на еден закон со Уставот, туку е и политичка категорија. Уставните судии треба да размислуваат и кога одлучуваат дали таа одлука ќе биде извршна и какви ќе бидат ефектите. Добро е што Уставниот суд под таков притисок и во таков амбиент ја одложи таа одлука и што сака да чека мислења на други луѓе, не само домашни, туку и странски експерти. Многу е веројатно дека во меѓувреме и оваа партија која врши притисок малку ќе се опушти и ќе се повлече од својот тврдокорен пристап. „Значи тоа е политички добра одлука“, нагласува проф. Шкариќ.

Шкариќ, меѓу другото, посочи дека законот од 2018 година е надвор од рамките на Уставот и предложи враќање на моделот од 2008 година, кој дозволува употреба на албанскиот јазик во општините каде што Албанците се мнозинство и во централните институции. Овој пристап, според него, би бил соодветен и одржлив, за разлика од сегашните проширувања кои ги критикува и Венецијанската комисија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Засилување на соработката за европска интеграција помеѓу Македонија и Молдавија

Следно

Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца

Latest from Blog

Добра вест за прилепските првачиња: Секое дете добива по 3.000 денари

Општина Прилеп објави јавен повик за еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територијата на општината. Оваа година мерката за првпат се

Фановите на Манчестер Јунајтед се бесни: „Овие луѓе се идиоти“!

ФОТО: Manchester United/FB Последните часови од преодниот рок донесоа неверојатни пресврти, големи трансфери и одлуки што ги оставија многу фанови во неверица. Една таква одлука дојде од “Олд Трафорд“, каде што Манчестер

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите

12,4 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 речиси непроменет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 02.09.2026 заврши со речиси непроменет индекс МБИ10, кој изнесуваше 9.255,13 поени. Во однос

Кои се најголемите трошаџии во летниот преоден рок?

Заврши уште еден летен преоден рок, барем кога станува збор за лигите од „големата петорка“. И овојпат беше возбудливо, значително повеќе отколку во претходните години. Влијанието на Светското првенство беше очигледно, па
Go toTop