Проф. Кекеновски: Ќе ве причекаме претседателе на Уставниот Суд, но вие да си постапите според одредбите од актот на уставниот суд на РМ

December 11, 2024
1 min read

Дарко Костадиновски актуелен претседател на Уставниот суд денес изјави „Дали за еден, два, три месеци плус или минус, овој суд ќе донесе одлука“, објави Јове Кекеновски на сојот фејсбук профил.

„Претседател, ве чекаме пет години да постапите согласно Уставот и да донесете одлука по однос на 13-те поднесени Иницијативи за Законот за употреба на јазиците и ќе бидеме упорни и мирни и ќе ве причекаме и наредните неколку месеци. Иако знам дека знаете и дека сте свесни дека такви или слични Иницијативи по односн на законот можевте и самите да поведете по службена должност зошто ваша основна обврска е да го штитите Уставот на државата“, потенцира во објавата.

„Но, претседателе што ќе правите со тројцата судии кои денес свесно ја опструираа денешната седница на Уставниот суд?
• Со кое право овие тројца не присуствуваа на седницата?
• Од каде го црпат правото да не присуствуваат на седница, кога тоа им е основна работна обврска?
• Знаат ли тие дека Уставниот суд работите од својата надлежност ги врши на седница во полн состав, а одлуките ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број судии?

Претседателе на Уставен суд, денес моравте да и објасните на јавноста дека Уставниот суд не одржа моноетничка седница, туку редовно закажана седница на која по сопствена воља, непрофесионално и неодговорно (или под партиски притисок) не присуствуваа тројца уставни судии.
• Знаете ли дека со нивното денешното намерно отсуство од седница тие ја девалвираа функцијата уставен судија и институцијата Уставен суд?
• Знаат ли тројцава дека функцијата судија на Уставен суд е неспојлива со вршењето друга јавна функција, професија или членување во политичка партијам, а уште повеќе дека е забрането „слугување“ или ставање во служба на интересите на некоја политика партија.
• Свесни ли се тројцава „уставни“ судии (ваши колеги) дека со нивното денешно отуство од седницата тие дополнително ја подгреваат непосакуваната атмосфера во јавноста која ја продуцира раководството на ДУИ и истата е во функција на дестабилизирање на државата?
• Знаат ли дека ги доведуваат во заблуда не само партиските членови на ДУИ, туку и останатите сограѓани.
• Дали тоа му доликува на еден уставен судија?
Јас не знам точно кој ги предложил тројцава за „уставни судии“ бидејќи составот на Уставен суд го определуваат три органи. Собранието предлага 5 судии, Претседател на РМ – 2 судии и Судскиот Совет на РМ – 2 уставни судии од редот на судиите“- нотира Проф. Јове Кекеновски.

Но, мошне добро знам доколку сум член на еден од овие органи јас би побарал нивна експресна оставка. На ред се органите кои ги предложиле тројцава, а ако тоа не го сторат (а треба да го сторат штом постојано гласно се повикуваат на владеење на правото) тогаш останува обврската на самиот Уставен суд и уставните судии во рамки на својата надлежност и обврска да решаваат за овој срам и лакрдија на нивните колеги, потенцира Проф. Кекеновски во својот стстус на социјалните мрежи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството отвори предмет за Груби и Беџети: Ахмети не го отстранува Груби од партијата

Следно

Бројот на убиени во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Запорожје се зголеми на осум

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Антонио Ридигер би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, а како една од можните дестинации се споменува Тотенхем. Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан
Go toTop