Обвинителството отвори предмет за Груби и Беџети: Ахмети не го отстранува Груби од партијата

December 11, 2024
1 min read

Оформен е предмет против Артан Груби и Енвер Беџети, откако се најдоа на црната листа на САД. Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски брифира дека Обвинителството ќе се обиде да обезбеди докази за да се провери кривичната одговорност за двајцата, по наводите од Стејт департментот за поткуп и тргување со влијание. Коцевски нагласи дека е одлична соработката со амбасадата на САД и тие помагаат во борбата против корупцијата.
Амбасадорката Анџела Агелер претходно кажа дека доказите против Груби и Беџети, штом ги има Вашингтон, се достапни и за домашните институции. Прашан дали Скопје ги прибавило доказите, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кусо одговори:

„Би побарал трпение од македонската јавност во овој дел… сега за сега.“

Во меѓувреме, првиот човек на ДУИ застана во одбрана на Груби. Али Ахмети засега нема да го отстрани Груби од партијата, а во исто време вели дека ДУИ не ги оспорува одлуките на Стејт департментот. Ахмети информираше дека Груби ќе го користи правото на жалба.

„Мислам дека господинот Груби е одговорен и совесен, нема потреба да го отстраниме од партијата, господинот Груби секако ќе се повлече од сите функции во партијата“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во однос на ефектите кај правосудните органи во земјава од поставувањето на функционери на црната листа, министерот Орхан Муртезани нагласи дека добронамерните сугестии од САД мора сериозно да се сфатат и да се инкорпорираат во националното законодавство.

„Кога САД одреден политичар или јавно лице ќе го стават на црната листа поради, не наводи, туку постоење докази за корупција, мислам дека согласно закон нашите органи треба да бидат принудени да постапат“, изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Агелер информира дека Вашингтон разгледува дополнителни санкции за Груби и неговото семејство, како и за судијата Енвер Беџети. Таа потенцира дека двајцата биле вклучени во поткуп, кој се поврзува со дел од предметите отворени против Сашо Мијалков.

Инаку, лани за судијата Беџети Судскиот совет покрена истрага зашто предолго седел во фиока случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на прислушувањето. Но, до постапка за разрешување на судијата не дојде.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: ЕУ агендата е приоритет за моето претседавање со Националниот совет за евроинтеграции во Собранието

Следно

Проф. Кекеновски: Ќе ве причекаме претседателе на Уставниот Суд, но вие да си постапите според одредбите од актот на уставниот суд на РМ

Latest from Blog

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Житие Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и

Нови паркинг решенија и корекција на цените – Коњановски во посета на ЈП „Паркинзи“

За работата на јавното претпријатие „Паркинзи“ денеска средба на директорот на ова јавно претпријатие Зоран Михајловски кој беше домаќин на градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Михајловски го информираше градоначалникот на Битола за

ЛШ се враќа: Две кола до финалната одлука за пласман меѓу најдобрите осум!

Вечерва се враќаат фудбалските возбудувања во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА со мечевите од претпоследното 7. коло во главната фаза. Конкуренцијата за место во првите 8 е огромна, а

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 300 дронови и ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија започнала напад врз Украина преку ноќ, користејќи повеќе од 300 беспилотни летала и „значаен“ број балистички и крстосувачки ракети. Во објава на X, Зеленски изјави
Go toTop