Проф.др Огненовиќ: Европскиот тренд е потесни улици, подобар јавен превоз

November 23, 2024
3 mins read

Градовите, а особено Скопје, мораат да го следат современиот урбанистички тренд за намалување на широчината на улиците. Ова не само што ќе ја намали употребата на автомобили, туку ќе создаде простор за повеќе пешачки и велосипедски патеки. Паралелно, од суштинско значење е да се вложува во модерен и ефикасен јавен превоз кој ќе стане примарен избор за граѓаните, вели за Рацин.мк проф. д-р Слободан Огњеновиќ од Катедрата за патишта на Градежниот факултет.

-Тенденцијата во Европските градови е намалување на ширините на улиците. Намалување на бројот на лентите на улиците. А елиминирање на патничкиот, на моторниот собраќај од улиците. Мораме ние да ги натераме скопјани, да ги остават автомобилите дома. Тоа ни е иднината. Со проширување, никаде нема да стигнеме. Ајде, луѓето, да ги вратиме на пешачење, на велосипеди, на јавен градски превоз, за да ги ослободиме улиците од патнички автомобили. Патничките автомобили ни се проблем. Зошто? Мала транспортна работа, значи превезуваат максимум пет, а сведоци сме дека има најголем број на возила се по еден или двајца. А еден автобус превезува можеби 50 во исто време, вели тој.

Според професорот Огненовиќ, Скопје има потенцијал да биде пример за модерен град кој ги прифаќа глобалните трендови за одржлив урбан развој. Намалувањето на широчината на улиците не значи само просторна трансформација, туку и промена во свеста за мобилноста. Кога ќе имаме повеќе пешачки и велосипедски патеки и добро организиран јавен превоз, ќе го намалиме сообраќајниот хаос и ќе го подобриме квалитетот на живот за сите граѓани. Овие промени не се само практични, туку и неопходни за иднината на Скопје како зелена и функционална метропола.

-Значи, прво да се формира некој капацитивен превоз, кој што ќе биде точен, навремен, брз, ќе ги задоволи сите оние потреби на луѓето, да стигнат до работа на време да не чекат, бесконечно по автобуските станици па дошол автобус, не дошол автобус, бил преполн, застанал или не застанал. Дали ќе биде БРТ, дали ќе биде трамвај, дали ќе биде метро, дали ќе биде трамвај и метро, дали ќе биде БРТ и метро, воопшто не е ни битно, појаснува тој.

Во поглед на патната мрежа Македонија располага со релативно добро развиена сметано според километри на квадратен километар површина – главен критериум за споредба меѓу земјите во Европската унија. Според проф. д-р Слободан Огњеновиќ од Катедрата за патишта на Градежниот факултет, земјата е блиску до просекот во Европа, со мрежа која би можела дополнително да се унапреди. Но, проблемите не се само во бројот на патишта, туку и во нивниот квалитет и одржување.

Иако изградбата на автопатите, експресните и регионалните патишта се одвива според современи стандарди, одржувањето останува главен предизвик. Недоволното редовно одржување, како што е чистењето на системите за одводнување и поправката на оштетувањата, доведува до постепено влошување на состојбата на патиштата. Професорот предупредува дека запоставувањето на овој аспект создава долгорочни проблеми, што го намалува квалитетот на возењето и безбедноста.

Интересен е ставот на проф. Огњеновиќ дека Македонија има доволно километри автопатишта, можеби дури и повеќе од реалните потреби, имајќи го предвид обемот на сообраќајот. Експресните патишта, кои често се дизајнирани како етапна фаза кон автопатишта, покажуваат визија за иднината, но засега бројот на возила кои ги користат не оправдува поголеми инвестиции во нови автопатишта.

-Што се однесува до квалитетот, тука веќе имаме проблем. Она што би сакал да кажам е дека мора да се води повеќе сметка при проектирањето, при ревизијата на проектите, при изведбата, надзорот, значи сите оние фази кои што доведуваат до тоа да имаме готов производ, односно готова патна делница на крајот, но она што недостасува кај нас во главност е одржувањето. Патот ќе го изградиме, ќе го направиме, ќе добие употребна дозвола, ќе почне да се одвива сообраќајот по него, ќе почнат да се движат возила, меѓутоа… како што се пушта во употреба, како да го забораваме. Имаме канали кои што ни се затнати, имаме систем за одводнување кој што не функционира. Од друга страна имаме и еден феномен, не е феномен, меѓутоа феномен што ние не го санкционираме многу, а тоа е претоварување на возилата. Значи товарните возила во голем процент кај нас се претоварени со оскини оптоварувања коишто го надминуваат дозволеното оптоварување коешто асфалтот може да го прифати, вели професорот.

Покрај редовното одржување, деформациите на патиштата често се предизвикани од претоварени товарни возила, кои значително ги надминуваат дозволените оптоварувања. Оваа пракса, во комбинација со недоволна контрола, создава сериозни оштетувања кои бараат скапи поправки.

Во согласност со европските трендови, зголемувањето на безбедноста на патиштата станува главен приоритет. Професорот истакнува дека мора да се анализираат „црните точки“ – местата со најголем број несреќи – и да се елиминираат сите фактори кои придонесуваат за нив. Улогата на патиштата во таквите случаи е критична, особено ако грешките во дизајнот или одржувањето се причина за несреќите.

Патната мрежа на Македонија има солидна основа, но за да ги достигне европските стандарди, потребни се постојани инвестиции во одржување, подобрување на квалитетот и зголемување на безбедноста. Како што вели проф. Огњеновиќ, не смееме да ги запоставуваме патиштата откако ќе ги изградиме. Само со проактивен пристап можеме да обезбедиме ефикасна, безбедна и долгорочно одржлива патна инфраструктура.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Состојба на патишта: Сообраќајот на дел од патиштата се одвива по влажни коловози

Следно

ФОТО: Македонски автобус се излизга на автопатот во Србија, нема повредени

Latest from Blog

Путин нема да биде дел од мировните преговори во Истанбул

Планираните разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за втората половина од денот на иницијатива на турската страна. Ова го соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. 

Кошта за гаранциите од ЕУ за Македонија: Треба да се испорача договореното и нема простор да се бара нешто повеќе

Она што е договорено е договорено и нема веќе за што преговараме. Со оваа порака дојде претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, одговарајќи на прашањето дали Европската унија ќе понуди некакви гаранции

Турскиот министер Фидан: Турција ќе продолжи да игра клучна улога во европската безбедност

АНТАЛИЈА / ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес нагласи дека Турција ќе продолжи да игра клучна улога во европската безбедност, јавува Анадолу. „Како втора по големина војска

Ѕвездата на Реал жестоко реагираше на шпекулациите за заминување

Бразилецот Родриго Силва де Гоес, офанзивец на Реал Мадрид, јасно ги демантираше тврдењата за негово заминување од шпанскиот гигант. Како што сезоната се ближи кон крајот, во Мадрид веќе интензивно се зборува

Трамп вели дека САД треба да ја „земат“ Газа и да ја претворат во „зона на слободата“

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека опколениот Појас Газа треба да се претвори во она што го нарече „зона на слободата“ контролирана од Соединетите Американски Држави (САД), иако
Go toTop