Проевропското мнозинство во ЕП постигна договор за одобрување на сите кандидати за еврокомесари

November 20, 2024
1 min read

Трите групации од т.н. проевропско центристичко мнозинство во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) вечерва постигнаа договор за деблокирање на процесот за избор на новата Европска комисија.  

Како што објави „Еурактив“ повикувајќи се на извори во Европарламентот, договорот опфаќа СД да се откаже од противење на одобрувањето на кандидатите за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), и за еврокомесар за здравство и благосостојба на животните Оливер Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ), а за возврат ЕПП се согласи за поддршка на кандидатурата на извршна потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност, социјалдемократката Тереза Рибера Родригез. 

Договор вклучува и одземање на ингеренциите на Вархеји за правата на сексуално и репродуктивно здравје и за подготвеноста и управување со кризи, како и надзорот над Управата за подготвеност и одговор при здравствени итни случаи (ХЕРА). Овие надлежности треба да ги преземе Белгијката, Хаџа Лабиб, која ќе биде еврокомесарка за подготвеност, управување со кризи и еднаквост. 

На одземање на дел од ингеренциите на Вархеји инсистирала СД, која за возврат се откажала од барањето Фито да не биде потпретседател на ЕК.  

Според истите извори, лидерите на трите групи, Манфред Вебер од ЕПП, Ираче Гарсија Перез од СД и Валери Ајер од РЕ, ќе потпишат и Изјава за соработка, во кој ќе бидат наведени заедничките политички приоритети за претстојниот мандат, фокусирајќи се одржливиот раст, конкурентноста, подготвеноста, демократските вредности, дигитална транзиција и посветеност на „се поблиска Унија“. 

Согласно договорот за вечерва е предвидено ресорните комитети на ЕП да ги одобрат номинациите на шесте кандидати за потпретседатели на ЕК и на Вархеји. 

По постигнатиот договор се создаваат услови утре да се одржи Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, кој ќе изврши конечна евалуација на номинациите и ќе го прогласи процесот на сослушување на кандидатите за еврокомесари за завршен.  

По ова европратениците на 27 ноември, во рамки на пленарното заседание во Стразбур, ќе треба гласаат за избор на Европската комисија во пакет. За да биде избрана, новата Европска комисија треба да добие мнозинство гласови на пратениците што ќе гласаат.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Туркиш ерлајнс“ на странските патници помеѓу летовите им нуди бесплатна обиколка на Истанбул

Следно

Силувачите, злоставувачите и подведувачите на 14 годишното девојче од Велес, побегнаа од камерите за јавноста да не им го види лицето

Latest from Blog

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Мицкоски за Љуботенски бачила: Жртвата на бранителите е трајно потсетување дека мирот има своја цена

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина објави

Министерство за финансии: 41 проект ќе биде основа за капиталните инвестиции во 2027 година

10 август 2026, Скопје – Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции

Бошко Ѓуровски повикува на полн стадион на дуелот Црвена Звезда – Хапоел

Некогашниот македонски селектор, и неспомнено наша фудбалска легенда, Бошко Ѓуровски денеска излезе со изјава во медиумите во Србија со која повикува на масовна посетеност на дуелот од третото квалификациско коло од Лигата
Go toTop