ПРОЕКТОТ „ПОМЕЃУ НАДЕЖ И СТРАВ“ НА СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА Е МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ НА УМЕТНОСТА 2024

December 26, 2023
1 min read

Проектот на уметницата Славица Јанешлиева „Помеѓу надеж и страв“ ќе биде македонски претставник на 60. Венециско биенале на уметноста, кое ќе се одржи од 20 април до 24 ноември 2024, соопшти Министерството за култура.  Носител на проектот е Националната галерија на Македонија (НГМ).

Во образложението на комисијата при Министерството за култура, во состав Станко Павлески (ликовен уметник), Зоран Петровски (историчар на уметноста) и Луан Зенку (ликовен уметник), стои дека: „Проектот е дводелна просторна инсталација во која Јанешлиева гради (авто)поетична лирска метафора поттикната од ехо на чувства од издвоен лик од басната ‘Грдото пајче’ на Х. К. Андерсен, сопоставувајќи засебна релациска целина од слики – огледални рефлексии, надградени со истовремено во живо снимени и проектирани слики – аголни визури на сопствениот лик – фигури пред огледалaта надополнето и со позната детска мелодија од американските ’40 – ’50 години на минатиот век, во духот на басната употребена во претходната односна целина, воспоставувајќи илустративност на бивањето на поединецот странец или не, во најширока смисла на зборот“.

На Конкурсот за учество на Биеналето, годинава пристигнале уште две пријави, за „Ничија уметница“ од Весна Стефановска и „Разгледница од маргините: Расплетување на животи, издржливост и други приказни“ од Ѓорѓе Јовановиќ, кои се одбиени бидејќи, како што вели Министерството,  не ги исполнуваат во целост условите и критериумите на Конкурсот.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Во наредниот мандат ќе спроведеме процес на ветинг

Следно

Специјалната известувачка на ОН ја осуди одлуката на Израел да ги одбие визите на персоналот на ОН

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop