Проектот „Inter spem et metum/Помеѓу надеж и страв/Between hope and fear“ на Славица Јанешлиева и НГМ избран за претставник на Венециско биенале

December 26, 2023
1 min read

Проектот „Inter spem et metum / Помеѓу надеж и страв / Between hope and fear“ на авторката Славица Јанешлиева и Националната галерија на Република Македонија е избран за официјален претставник на Република Македонија на 60. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2024 година.

Во образложението на стручната комисија при Министерството за култура, во состав: Станко Павлески (ликовен уметник), Зоран Петровски (историчар на уметноста) и Луан Зенку (ликовен уметник), стои:

Проектот е дводелна просторна инсталација во која Јанешлиева гради (авто)поетична лирска метафора поттикната од ехо на чувства од издвоен лик од басната Грдото Пајче на Х. К. Андерсен, сопоставувајќи засебна релациска целина од слики – огледални рефлексии, надградени со истовремено „лајф“ снимени и проектирани слики – аголни визури на сопствениот лик – фигури пред огледалaта надополнето и со позната детска мелодија од американските ’40 – ’50 г. на минатиот век, во духот на басната употребена во претходната односна целина, воспоставувајќи илустративност на бивањето на поединецот странец или не, во најширока смисла на зборот.

На Конкурсот за финансирање проект од национален интерес во културата од областа на меѓународната дејност за учество на Република Македонија на 60. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2024 година, во организација на „Венециското биенале“ (La Biennale di Venezia), годинава пристигнаа и беа разгледани три пријави, за проектите: „Inter spem et metum/Помеѓу надеж и страв/Between hope and fear“ од авторката Славица Јанешлиева и Националната галерија на Република Македонија, кој беше прифатен, и „Ничија уметница/Nobody’s artist“ од Весна Стефановска и „Разгледница од маргините: Расплетување на животи, издржливост и други приказни“ од Ѓорѓе Јовановиќ, кои се одбиени бидејќи не ги исполнуваат во целост условите и критериумите на Конкурсот.

Венециското биенале на уметноста ќе се одвива од 20.4. до 24.11.2024 година.

 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски на предновогодишна средба со децата од малите групни домови од ЈУ Детски дом „11 Октомври“

Следно

Во 2024 САД ќе ја имаат најмалата војска што ја имале од пред Втората светска војна

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop