Продолжуваат умерените земјотреси во близина на грчкиот остров Санторини

February 3, 2025
2 mins read

Во текот на ноќта и рано утрово продолжија умерените земјотреси во близина на Санторини, меѓутоа грчките сеизмолози смируваат и велат дека се следи ситуацијата, додека пак според медиумите во Грција, од синоќа голем е бројот на граѓани кои го напуштаат островот, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресите во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос не надминуваат 4,4 степени според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, а директорот на институтот Василис Карастатис посочи дека епицентарот на последователните потреси се оддалечува североисточно од Санторини, што според него е позитивно за островот и последиците врз објектите.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас утрово уште еднаш истакна дека не постои поврзаност меѓу сеизмичката активност североисточно од Санторини со вулканската активност, објаснувајќи дека на островот се 15 научници и сите дошле до истиот заклучок.

-Во однос на сеизмичката активност состојбата не е променета. Постои во последните 24 часа и не можеме да кажеме дека веднаш ќе заврши. Ќе бидат потребни неколку седмици, посочи Лекас.

Поради зголемениот број земјотреси во изминатите неколку дена, како што пишуваат грчките медиуми, голем дел од жителите на Санторини, но и посетителите што во моментов се таму, од синоќа го напуштаат островот, за денеска летовите се исполнети и не постојат слободни места, па затоа, грчката авиокомпанија „Ејџијан“, утрово соопштија дека за денеска и утре воведува вкупно три вонредни летови од и кон Санторини.

Градоначалникот на Санторини Никос Зорзос, говорејќи за грчките медиуми утрово рече дека не станува збор за масовно заминување од островот, објаснувајќи дека по земјотресите во 2011 и 2012 година, островот и жителите стекнаа големо искуство.

Како што вчера објави МИА, по одржаните состаноци на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности при Министерство за климатски кризи и цивилна заштита на Грција донесоа неколку препораки и превентивни мерки, меѓу кои и училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи денеска да останат затворени.

Паралелно граѓаните треба да избегнуваат големи собири во затворени простори; да избегнуваат напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во четирите пристаништа на Санторини; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, особено на места каде што има опаснист од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Синоќа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одржа вонреден состанок за ситуацијата на Санторини, а по завршувањето министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикиљас упати апел до граѓаните да ги следат превентивните мерки и да се придржуваат до нив.

-Мерките што досега се преземени се превентивни. Во секој случај, ќе има континуирано информирање за сите, бидејќи, како што гледате, Комитетот за процена на сеизмички ризик постојано заседава. Ги замолувам, како и секогаш, нашите сограѓани да ги слушаат мерките на експертите и да се придржуваат кон нив, за да можеме да се справиме со моменталната состојба. Мерките се превентивни. Постои претпазливост и организираност како што гледате и на терен, посочи Кикиљас.

Се очекува во текот на денешниот ден надлежните комисии од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција да одржат нов состанок. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон

Следно

ВМРО-ДПМНЕ бара јавна расправа: Законски измени и зајакнување на безбедноста во сообраќајот (ФОТО)

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп повторно беше центар на добрата забава и позитивната енергија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, се огласи по завршувањето на Пиво фестивалот 2026, оценувајќи дека годинашното издание било успешно реализирано и поминало во одлична атмосфера, со голема посетеност и безбедно одвивање

Трамп исвиркан при доделувањето на пехарот на Шпанија- Инфантино го тргна од бината (ВИДЕО)

Поради самото доаѓање на Трамп на натпреварот, беа воведени ригорозни безбедносни мерки, поради што илјадници навивачи на Шпанија и Аргентина чекаа со часови на влезот, додека припадници на полицијата и тајната служба

ГЛАВНА ЦЕЛ Е ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ – Трамп ќе финансира МАГА проекти во Европа

Администрацијата на Трамп планира да додели низа грантови во Европа и пошироко за поддршка на иницијативи блиски до неговото движењето МАГА. Главната цел е зајакнување на слободата на говорот. Наменети се 2

Клековски: Епидемијата во Гостивар е прогласена, храната засега е исклучена како можен извор

Министерот за здравство Сашо Клековски потврди дека во Гостивар официјално е прогласена епидемија поради наглиот пораст на бројот на граѓани со стомачни тегоби, додавајќи дека здравствените власти и понатаму регистрираат меѓу 250
Go toTop