Продолжуваат обвинувањата на сметка на менаџментот во „Козле“, директорката демантира

December 18, 2024
1 min read

30 доктори од Универзитетската клиника за респираторни болести кај децата  бараат итно разрешување на В.Д директорката Каролина Симоновска, во спротивно се закануваат со штрајк и откази. Во писмото упатено кон Премиерот Мицкоски, Министерот за здравство Таравари и националниот координатор за здравство Ристо Симеонов, 30те доктори ја обвинуваат директорката Симоновска за бројни нерегуларности во управувањето на детската клиника – Козле, како и мобинг кон медицинскиот персонал. 

Отворено писмо од 30 доктори од Детска клиника – Козле:

Оставки од бронхоскопскиот тим дадоа двајцата најискусни бронхоскописти затоа што инсистираа на совесно и професионално работење, а останатите доктори и сестри ги поддржаа и се изјаснија дека функционирањето на тимот е невозможно без нив. Директорката им се закануваше со отказ на ОРЛ специјалистите кои одбиваа да работат бронхоскопија со недоволно едуциран кадар. За да докаже дека не се во право, формира нов тим во кој единствен искусен бронхоскопист е пензиониран ОРЛ специјалист. На фиктивниот список фигурираат уште педијатри и инфектолог, кои никогаш немаат направено бронхоскопија и ОРЛ специјалист кој се уште се обучува. Списоци за приправност не постојат и кога ќе дојде итно дете под сомнение за вдишено туѓо тело, решението е да се прапраќа на Клиниката за ОРЛ.

Стручниот колегиум на детската клиника и директорката со демант, тврдат дека се работи за политички мотивирани обвинувања од мала група поединци во клиниката. 

Демант од Директорката на Детска клиника:

Клиниката е комплетно екипирана, сите оддели работат непречено и за прв пат после 7 години амбулантите ги покриваат лекари специјалисти педијатри во тек на 24 часа. Во Бронхоскопскиот кабинет непречено се реализираат дијагностички и терапевтски бронхоскопски процедури од страна на стручни и специјализирани кадри.

Пред три месеци и опозициската СДСМ изнесе обвинувања кон директорката Симоновска во врска со отказите на специјалистите по бронхоскопија и ненабавување на потребни материјали за овој оддел. И во тој наврат, Симоновска ги демантираше обвинувањата тврдејќи дека клиниката има комплетен тим за изведување на бронхоскопија и располага со потребните материјали. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Турскиот претседател Ердоган со државна церемонија го пречека либанскиот премиер Микати

Следно

МВР откри детали: Преземени дисциплински мерки за полициски службеници кои го пуштиле Груби да излезе од Македонија

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево,
Go toTop