Продолжуваат обвинувања на сметка на владата од општината Карпош во врска со одземањето на салата Партизан

July 11, 2025
1 min read

Продолжува битката помеѓу централната и локалната власт на Карпош за спортската сала Партизан. Откако владата одлучи да ја преземе салата во нејзино владение, од општината и денеска порачаа дека ќе ги искористат сите правни можности за одлуката да се поништи.

На вонредна седница на Советот сите советнички групи освен советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа салата да не се дава на Министерството за спорт. Претседателот на Советот на општината денеска рече дека ги отфрлаат обвинувањата дека салата не била ставена во функција и го повика Премиерот да ја преиспита одлуката. 

Бранко Ристов – Претседател на Совет на Општина Карпош

„Целосно сме изненадени од одлуката на Владата да ја одземе салата со образложение дека наводно ние истата не сме ја ставиле во функција. Со должна почит кон министерот работејќи по погрешна информација ја има доведено во заблуда Владата по што е донесена погрешна одлука. Имено јавно се достапни снимки во кои се гледа дека објектот спортска сала е ставена во употреба. Во истиот наводно нефункционален објект се одигруваат училишните спортски игри во одбојка и во кошарка“….. 

Невена Георгиевска – Независни за Карпош

„Мора да имаат граѓаните контрола врз работата на салата Партизан. Само преку советот избраниците на граѓаните во советот ние ќе имаме контрола врз салата и како таа ќе се менаџира. Доклку отиде на влада и понатака се стопанисува како што имало случаи во минатото се плашам дека може да дојдеме во ситуација повторно да ја изгубиме оваа сала“.  

Од владата остануваат на ставот дека салата е во државна сопственост и државата носи одлука кому ќе му биде дадена на користење, или таквото право му биде одземено. Повторуваат дека причината за одземање на ингеренциите е поради непочитување на обврските од договорот.

ВЛАДА

Наместо спортската сала во која се вложени државни пари за нејзина реконструкција да биде ставена во функција на спортистите и на граѓаните, жителите на Карпош добиваат изговори, навреди и обиди за манипулација со јавноста. Владата и Министерството за спорт остануваат посветени на транспарентност и одговорност во работата во интерес на граѓаните и на спортот, а не на политички игри и лични агенди.

Реновирањето на салата „Партизан“ почна во 2022 година со пари од Агенцијата за млади и спорт. Претходната влада ја предаде во владение на Општина Карпош. Реконструкцијата заврши но објектот потоа уште цела година остана под клуч, бидејќи не беше целосно опремен, за што општината и владата повторно си ги префрлаа ингеренциите.  

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турска одбранбена компанија ќе ги надградува беспилотните летала за поморски мисии

Следно

СДСМ најостро го осудува нападот врз официјални лица од Град Скопје

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните

Божиновска: Имаме добра хидролошка состојба, акумулациите се на 70 проценти

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем.
Go toTop