Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ

April 8, 2024
1 min read

Припадници на МВР интензивно вршат детален претрес на теренот на територијата на градот Бор во потрага по телото на двегодишната Данка Илиќ, за чиешто тешко убиство се осомничени С.Ј.(1974) и Д.Д. 1974), двајцата од Бор, а кои беа уапсени на 4 април.

Повеќе од десетина припадници на полицијата на МВР со најсовремена опрема во моментов ја пребаруваат пештерата Лазарева која се наоѓа на околу три километри од селото Злот каде живее осомничениот Д.Д., Лазарев кањон, како и целиот простор покрај Злотска река во потрага по телото на детето кое, како што се сомневаат, вториот ден по извршеното кривично дело се движело од депонијата во околината на Бањско Поље, соопшти српското МВР, пренесува Танјуг.

Припадници на МВР ќе извршат опсежен претрес на територијата на градот Бор за да го пронајдат телото на девојчето и да ги утврдат сите околности под кои таа починала, се наведува во соопштението.

Теренот интензивно се пребарува на повеќе локации бидејќи, како што изјави вчера министерот за внатрешни работи, Братислав Гашиќ, постои сомнеж дека еден од осомничените го пренел телото од дивата депонија, каде што првично е однесено на друга локација.

Граѓаните на Бор во близина на местото на кое се случи несреќата запалија свеќи за настраданата Данка Илиќ, а никој од мештаните не може да поверува дека ова е епилогот бидејќи сите се надеваа дека девојчето е киднапирано и дека е живо.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чеченија ќе ја забрани музиката што е пребрза или премногу бавна

Следно

Небиу за ТВ 24: Начинот на кој ќе се одвива гласањето на претседател, ќе влијае и врз изборниот резултат, дури може и да го промени

Latest from Blog

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со
Go toTop