– Продолжува бунтот на културните работници – не прифаќаат пониска пресметка на плата

April 24, 2025
1 min read

Културните работници незадоволни од доскорешниот нивни колега а сега министер за култура и туризам, Зоран Љутков. Голем број на директори по јавните установи од областа култура одбиваат да дадат задолженија за пресметка на плати согласно барањата на министерот Љутков. 

Од ЈОУДК “Бранд Петрушев” Богданци со допис до министерот Љутков дека доставениот образец за Решение за пресметка на плата е неприфатливод причина што истото не е во согласност со законот и колективните договори. Потенцираат дека се до добивање на конкретни насоки, проследени со точна формула за пресметка на платите нема да се изврши пресметка на платите за месец март годинава. 

„Јас како директор не можам да барам извршување на работни обврски, изготвување на нови решенија и пресметка на плата, од страна на вработените кои не се темелат на јасни насоки и без официјален писмен допис, со што би ги изложувал на евентуална одговорност во иднина. Нема никакви јасни насоки на кој начин треба да бидат поништени решенијата за плата донесени врз основа на насоките дадени на 10.04.2025 година на мејл адреса. Со пресметка на плата на овој начин, има закана и предупредување од страна на Синдикатите дека јас како директор би бил изложен на тужби за надомест на штета“. – се вели во дописот на ЈОУДК “Бранд Петрушев” Богданци до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. 

Од СКРМ велат дека почната е исплатата на плати но потегот е неприфатлив бидејќи е во спротивност со колективните договори па поради тоа ќе се бара и судска разрешница. 

Од Министерството за култура и туризам велат дека Исплатата на платите за вработените во институциите од областа на културата во координација со Министерството за финансии е во тек и ќе заврши денеска, но и дека дел од институциите веќе ја добија својата плата. 

„Го потврдуваме ставот дека социјалниот дијалог со Синдикатот мора да продолжи. Министерството ќе упати покана за официјална средба со претставниците на Синдикатот, со намера да ги разгледаме сите отворени прашања, во духот на заемна почит и партнерство. Дијалогот мора да продолжи, бидејќи само така можеме да изнајдеме долгорочни решенија за стабилноста на културните институции и достоинството на културните работници.“ – велат од Министерство за култура и туризам. 

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков ги повика директорите на институциите да не постапуваат според упатставата на Минисетрство за култура. Доколку не се постигне договор со култура, СОНК не ја исклучи и можноста за штрајк.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан: Туркискиот свет ќе продолжи да стои покрај кипарските Турци

Следно

Претседателката на ДКСК осомничена во случајот “Адитив” – барање за мерки на претпазливост

Latest from Blog

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на

Адвокатот Миланов за случајот Пулс: Постапката треба да запре за лицата кои не биле присутни и не биле на должност таа вечер

Родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска побараа да се проверат наводите дека еден од обвинетите, кој се наоѓа во притвор во затворот во Скопје, преку телефон вршел

Стармер под притисок да поднесе оставка поради назначувањето на пријател на Епстин за амбасадор во САД

Владата на Стармер се наоѓа под притисок поради справувањето со скандалот со Манделсон. Владата беше на работ на пораз во долниот дом сè до амандманот на средината од дебатата, со кој се

Ќе се обележат околу 150 „црни“ точки на скопските улици, најави Ѓорѓиевски

Околу 150 „црни“ точки ќе бидат обезбедени за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Тој беше прашан во врска со

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто
Go toTop