Проданоски: Прилеп поставува нови стандарди за здрава животна средина

March 4, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината интензивно работи на имплементација на современ систем за селекција и управување со отпад, со јасна цел – Прилеп да стане најзелена општина во Македонија и на Балканот.

Општина Прилеп е првиот град во Македонија со изградена фабрика за секундарна селекција на отпад, како дел од системот за регионално управување со отпад. Со проектот за регионална депонија, која ќе биде лоцирана во Новаци, се предвидува целосна, 100-процентна селекција на отпадот уште на местото на неговото создавање – во домаќинствата.

„Не случајно од делегацијата на ЕУ во Македонија, Општина Прилеп доби признание, плакета за најзелена општина, големо одличје за нас како општина, кое сериозно нè обврзува и од оваа 2025 /2026 година да работиме на селекција на отпадот. Ние сме и првата општина која спроведува селекција, а Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот. Со проектот за регионално управување со отпад, преку Регионалната депонија која ќе биде лоцирана во општина Новаци , ќе значи имплементирање на 100% селекцијата на отпадот на местото на неговото создавање во домаќинства и со селекцијата на отпадот, во идната се стремиме за што помалку отпад. Во завршна фаза е и фабриката за секундарна селекција на отпад, која ќе биде прва на Балканот која има една општина. Во моментов инвеститор е општина Прилеп. Деновиве го очекуваме машинскиот дел да биде докомплетиран, што значи уште подобра селекција на отпадот и уште помалку одлагање на отпад. Сто тоа имаме уште мал дел за да ја пуштиме фабриката во употреба. Со сето ова и согласно програмите кои што ги имаме за здрава животна средина, Прилеп тежнее да стaне најзелената општина во Македонија, но и на Балканот,“ истакна градоначалникот Проданоски.

Фабриката за секундарна селекција ќе овозможи и преработка на отпад од соседните општини, со што ќе се поттикне развојот на циркуларната економија. Според најавите, отпадот ќе стане ресурс и значаен приход за ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, а граѓаните ќе плаќаат помалку за негово одлагање.

Дополнително, општината обезбеди грант од 60.000 американски долари од United Nations Development Programme (УНДП) за изработка на техничка документација за постројка за складирање, третман и преработка на биоразградлив и инертен отпад. Со проектот се очекува 48–55% од органскиот отпад да се претвори во висококвалитетен компост за земјоделство и озеленување, додека градежниот шут ќе се преработува во гранулат за повторна употреба при тампонирање локални улици и патишта.

Во наредниот период ќе започне и еко-акција за засадување на 6.000 багреми во подножјето на Маркови Кули, а во соработка со извидничкиот одред „Феникс“ ќе се реализираат пошироки акции за пошумување на околината на Прилеп.

Со овие активности, Општина Прилеп прави сериозни чекори кон модерно и ефикасно управување со отпадот и создавање почиста и поздрава животна средина за сите граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Kovaçevski: Çmimet e ushqimeve po rriten, pse nuk po zbatohet Ligji për Praktikat e Padrejta Tregtare?

Следно

ВЛЕН: Поради уплавот, ДУИ мораше да го брани Артан Груби

Latest from Blog

Со торпедо е погодена иранска фрегата- 80 загинати, снимен е моментот на ударот (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес на прес-конференција изјави дека американска подморница потопила ирански воен брод „кој мислел дека е безбеден во меѓународни води“. Хегсет рече дека бродот бил „потопен

Нови измени на Законот за заразни болести на ЕНЕР: Се воведува дигитализација и електронски систем за пријавување заразни болести

Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести. -Меѓу позначајните новини кои се

Битола ја продолжува ракометната приказна: Општината и РК „Еурофарм Пелистер“ ја обновија платформата за соработка

Општина Битола и Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ ја продолжуваат заедничката платформа за развој на ракометот во градот. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на клубот, Зоран Стерјев, денеска ставија потписи на
Go toTop