Проданоски: Прилеп гради европска иднина преку инвестиции и соработка

February 25, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, при што во фокусот биле европските вредности и искористувањето на европските фондови за развој на општината.

На средбата се разговарало за придобивките од пристапувањето кон Европската Унија и конкретното влијание на европската поддршка врз секојдневниот живот на граѓаните на Прилеп и регионот. Посебен акцент бил ставен на продлабочување на соработката во делот на локалниот економски развој, реализацијата на инфраструктурни проекти и зајакнувањето на институционалните капацитети.

Проданоски го запознал амбасадорот со природните и културните потенцијали на Прилеп, како и со можностите за користење на европските фондови за поддршка на земјоделството и пограничната соработка. Воедно, било истакнато значењето на развојот на стопанството и искористувањето на европските механизми за поддршка на локалната економија.

 

Градоначалникот нагласил дека Прилеп е лидер во селектирањето на отпадот во државата и дека општината континуирано работи на унапредување на системот за третман на отпад. Како потврда за овие заложби ја посочил наградата „Најзелена општина“ добиена во 2022 година, во рамките на кампањата на Делегацијата на Европската Унија за промоција на Европскиот зелен договор.

Тој истакнал дека општината ќе продолжи со посветена соработка со Европската Унија преку аплицирање и користење на европската поддршка во сите сфери, вклучително образование, култура, туризам, инфраструктура и економски развој.

„Иднината на Прилеп е нераскинливо поврзана со иднината на Европската Унија. Заедно градиме општество на стабилност, просперитет и европски вредности, во кое граѓаните ќе живеат подобро, а младите ќе ја гледаат својата иднина дома, во европски Прилеп“, порача Проданоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски и Божиновска: Поддршка за зелени проекти и иновации во Битола

Следно

Комерцијална банка со најголем промет – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Latest from Blog

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат
Go toTop