Проданоски: Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти

September 30, 2025
1 min read

Обновата е наш завет наша мисија. Заедно можеме со чесност и одговорност да обезбедиме сигурна иднина за нашите сограѓани. Не верувајте во празни цзборови, верувајте во дела. Ние ќе покажеме како чесно и одговорно се работи бидејќи имаме сила и визија за нови промени. Нашата програма не е само лист хартија и празно ветување. Тоа се реални проекти за подобар живот на прилепчани, посочи Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден од најголемите приоритети претставува изградбата на обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ современи сообраќајни решенија кои ќе ја променат иднината на Прилеп. Обиколницата „Исток“ во должина од 1,6 километри, и профил оф 5,5 метри ќе биде директна артерија што ќе ги насочи тешките товарни возила, надвор од срцето на градот. Таа ќе се протега од стариот пат кон вештачкото езеро, преку склештен мост се до клучката за новиот автопат. Со тоа ќе се растовари центарот, ќе се намали метежот и загадувањето, а прилепчани ќе добијат почист воздух и мирен сообраќај низ централното градско подрачје. Обиколницата ,,Запад“ е огромен капитален проект, долга 4,5 километри со модерен профил од 26 метри кој ќе опфати коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки. Новата траса ќе ја поврзе делницата од Мебел Венеција преку Варош па се до фабриката за Мермер на улица ,,Леце Котески“ и натаму до ,,Црн Бор“. На оваа траса ќе изградиме два надвозници и еден мост овозможувајќи безбеден брз и европски сообраќај за нашиот град. Со реализација на овие два проекти, ќе се реши еден од најголемите проблеми на Прилеп, сообраќајниот хаос во центарот. Но уште поважно, ќе се создатат нови можности за економски развој, бизнисот ќе добие полесен пристап до автопатот што значи нови инвестиции и отворање на нови работни места, рече тој.

Проданоски посочи дека сообраќајот е движечка сила на економијата, на кој му дава модерен и функционален облик.

-Растоварувањето на срцето на градот, е вистински избор за современ европски и успешен Прилеп. Нашата визија и цел се јасни, со посветеност чесност и трудољубивост продолжуваме по патот на развојот. Прилеп го заслужува тоа, направете го вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, рече тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски: Нов асфалт, тротоари и паркинг за жителите на Кисела Вода

Следно

Тоневски: Нови патишта, инвестиции и долгорочен развој за општина Пробиштип

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: „Есенинова“ ќе се пробива од „Чешма“ до „Шампионче“ за побрз сообраќај

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес во Кисела Вода најави почеток на втората фаза од проектот „Есенинова“, со пробивање на улицата од „Чешма“ до „Шампионче“. Со ова директно

По 19 години брак се разделуваат Никол Кидман и Кит Урбан

„Понекогаш врските едноставно завршуваат“, изјавил извор близок до двојката, додавајќи дека Кидман не сакала раскинување и се обидувала да го спаси бракот. Тие беа во брак 19 години. Според медиумските извештаи, двојката

Мировен план на Трамп за Газа: Нешто старо, нешто ново – и истите пречки

Конверзејшн (The Conversation е мрежа на непрофитни медиумски организации која објавува анализи, коментари, истражувачки извештаи и вести на интернет) Најновиот мировен план за Блискиот Исток, спонзориран од САД, вчера беше претставен во

Анкета: Прикривање, корупција и неефикасност ѝ припишуваат Грците на Владата

Меѓу зборовите „ефикасност“ и „неефикасност“, 69 отсто од испитаниците, Владата ја карактеризираат со неефикасност, седум од десет Грци во Владата гледа „корупција“ наспроти само 14 проценти, кои одбрале „чесност“ за да ја

ЛШ: Лудило во Казахстан за гостувањето на Реал, Мурињо му гостува на “својот“ Челси, Ливерпул во истанбулскиот пекол

ФОТО: UEFA.COM/X Вечерва се играат првите девет средби од 2.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека ќе има интереси дуели, можеби нема дерби во класична смисла на зборот, но секој меч од
Go toTop