Проблемот не е во новата концепција за основно образование, туку во реализацијата – вели професорот Барбареев

September 3, 2023
2 mins read

Реформата се спроведува бавно и, практично, е закочена, а проблемот е во ресорните институции – вели професорот на УГД, Кирил Барбареев, кој беше дел од работната група која во 2020 година ја создаде новата концепција за основно образование

Дел од концепцијата предвидува интеграција на предмети, но тоа не значи дека нема да се учи за македонскиот идентитет или физика, хемија. Тоа не е нешто ново – од 2007 година до шесто одделение ние имаме интеграција на предмети – нашата визија беше дека преку концептот на интегрирање предмети и мултидисциплинарност децата полесно ќе ја сфаќаат реланоста, дека треба учењето да се контекстуализира – вели Барбареев

„Во јавноста се наметна мислење дека новата концепција направи хаос во основното образование, што е погрешно. Проблемите во нашето образование се во континуитет, на сите нивоа, а работната група што ја креираше концепцијата за основно образование имаше план за следните пет години како да се одвива имплементацијата што не се случува“ – вели универзитетскиот професор Кирил Барбареев, кој беше член на работната група за изработка на новата концепција за основно образование во 2020 година.

Во интервју за ТВ Сител, професорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип вели дека реформата се спроведува бавно и дека, практично, е закочена, а проблемот, според него, е во ресорните институции надлежни за образование.

Кирил Барбареев, професор на УГД – Штип, фото: принтскрин ТВ Сител

„Државата има ресорни институции кои треба да реагираат во делот на мониторинг на квалитет, за менување на програми, за изготвување учебници, за она што беше поддршка за реализиација на целокупната концепција, за условите на работа, за она што треба да го направи не само Министерството за образование и наука (МОН), туку и локалните власти, менаџирањето во училиштата, како се пристапува кон она што требаше да биде реформа. Оттука, целиот проблем не е на креаторите на коцепцијата, туку во реализацијата. А таа оди пребавно, може да се каже дека е политизирана и закочена“,

вели Барбареев.

Според него, Министерството за образование и Бирото за развој на образованието (БРО) треба повидливо да покажат дека сакаат суштински промени во образоавнието и поактивно да се вклучат во спроведување и поддршка на реформата. Тие први треба да реагираат кога во јавноста се пласираат неточни информации за спојување предмети или за бришење на одредени теми за изичување, вели тој.

„Дали ако во шесто одделение одредена тема за Кирил и Методиј не постои, ќе постои во седмо или осмо одделение, значи таа стручна група треба да излезе и да одговори што се менува и зошто се прави тоа за да може јавноста да не манипулира со одредени информации, тоа се моите критики кон министерството“,

вели Барбареев.

За доцнењето на учебници тој одговара дека има ресорна институција задолжена за учебници која е одговорна за издавачка дејност, за условите, за рецензии, за автори. Дополнително, спојувањето предмети, според него, не е нов феномен во основното образование и тоа, како што вели, требало да го објаснат од МОН и БРО.

„Дел од концепцијата предвидува интеграција на предмети, но тоа не значи дека нема да се учи за македонскиот идентитет или физика, хемија. Тоа не е нешто ново – од 2007 година до шесто одделение ние имаме интеграција на предмети – нашата визија беше дека преку концептот на интегрирање предмети и мултидисциплинарност децата полесно ќе ја сфаќаат реланоста, дека треба учењето да се контекстуализира“,

објаснува Барбареев.

Тој не се согласува со критиките во јавноста дека концепцијата не е правена врз основа на претходни наоди и истражувања. Потсетува дека не било предвидено укинување на печатените учебници туку дека се предвидени и дигитални и печатени учебници кои, како што вели, треба да ги следат во следните години трансформациите на ресурсите во училиштата – купување на дигитлни ресурси за следење настава. Тоа, како што оценува Барбареев, од денешен аспект не оди со темпото со кое требало да оди. Професорот рече и дека учебникот не смее да биде единствен, туку еден од изворите и посочи дека постојат образовни системи во кои воопшто не постојат учебници, а резултатите на учениците се извонредни.

„Сакавме да направиме поголем фокус на уште поголема автономија на наставници, на приклучување на она што треба да претставува визија за образование 2030 согласно европските документи, за дигитални компетенции. Не е наш проблем што сме имале таква визија наспроти неодговорноста на институциите кои имаат обврска“,

додава Барбареев.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода, локализиран пожарот кај Пиперево

Следно

Невремето во Мадрид го одложи дуелот помеѓу Атлетико и Севиља

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop