Приведени најмалку три лица за насилно однесување на протестот во Тирана

April 26, 2024
1 min read

Протестот на опозицијата пред градското собрание на Тирана, проследен со фрлање молотови коктели врз зградата на локалната власт на албанската метропола, заврши со порака за нов протест в четврток.

Не изостанаа и обиди насилно да се влезе во објектот со пробивање на полицискиот кордон, а беа фрлани и други предмети, поради што зголемено беше полициското присуство, а интервенираше и противпожарна екипа.

Според албанските медиуми, приведени се најмалку три лица, а пред објектот се стручни екипи кои прибираат докази.

– Протести пред општина Тирана се додека крадецот (Ерион Велиај) не си замине. Бараме да реагираат и меѓународните претставници за кражбите и корупцијата во која е потоната државата, порачаа организаторите.

Ова е четврти протест организиран од побројното крило на опозициските демократи „Иницијатива за обнова на ДП”- приврзаници на Сали Бериша, поддржани од Партијата на слободата на поранешниот претседател Илир Мета и Алијансата за заштита на театарот.

Тие бараат оставка на градоначалникот Ерион Велиај по откривањето на скандалот „5Д“ за злоупотреба на државни средства, за што, по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, се уапсени десетина високи раководители во општината, блиски соработници на Велиај, кој ги отфрла сите обвинување за негова вмешаност. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжува кампањата за парламентарните избори

Следно

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите

Latest from Blog

Фото: Млада милијардерка ги истакна облините

Минатата недела во Калифорнија се одржаа доделувањето на филмските награди во Палм Спрингс, а бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста присуствуваа на овој престижен настан. На доделувањето на наградите присуствуваше и членката

Планот за праведна транзиција ја зајакнува економската и енергетската трансформација

Владата на Република Северна Македонија, го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација

ОПАСНОСТ ВО ДОМОТ: Зошто греалката никогаш не смее да оди во продолжен кабел

Најризичниот уред кој никогаш не би требало да се приклучува на продолжен кабел или разводник е греалката. Без разлика дали станува збор за радијатор, кварцна или вентилаторска греалка, овие уреди трошат голема
Go toTop