ОПАСНОСТ ВО ДОМОТ: Зошто греалката никогаш не смее да оди во продолжен кабел

January 13, 2026
1 min read

Најризичниот
уред кој никогаш не би требало да се приклучува на продолжен кабел или
разводник е греалката. Без разлика дали станува збор за радијатор, кварцна или
вентилаторска греалка, овие уреди трошат голема количина електрична енергија.
Кога се приклучени на продолжен кабел, доаѓа до преоптоварување кое може да
предизвика прегревање, топење на пластиката, па дури и пожар.

Кога
заштитата ќе откаже

Иако ѕидните
приклучоци во повеќето станови доаѓаат во пар за да се избегне оптоварување на
струјното коло, продолжените кабли често ја „заобиколуваат“ оваа заштита. Токму
затоа тие се особено опасни кога на нив се приклучуваат уреди со голема
моќност.

Греалките,
сепак, не се единствениот проблем. Стручњаците советуваат клима-уредите,
фрижидерите, замрзнувачите, микробрановите печки, тостерите, па дури и
електричните алати секогаш да се приклучуваат директно во ѕидна приклучница.
Исправната домашна електрична инсталација може да го поднесе ваквото
оптоварување, додека продолжените кабли не се наменети за тоа.

Опасности
од продолжените кабли

Уште една
честа грешка е поставување на разводници зад мебел или во тесен простор. Без
доволно циркулација на воздух, каблите и приклучниците дополнително се
загреваат, што го зголемува ризикот од топење и запалување. Особено опасно е
поврзувањето на повеќе продолжени кабли еден со друг – дури и ако приклучените
уреди се со мала моќност, оптоварувањето брзо се зголемува.

Дополнителен
проблем се старите и дотраени продолжени кабли. Доколку забележите напукната
изолација, оштетувања, лабави приклучници или изложени жици, таквиот кабел
треба веднаш да се исфрли од употреба. Овие кабли претставуваат сериозна
опасност, особено во домаќинства со деца или домашни миленици.

Препорака
од стручњаците

Стручњаците
препорачуваат користење разводници со заштита од пренапон, наместо обични
продолжени кабли, особено за електронски уреди. Сепак, ниту тие не се замена за
правилно приклучување на силните домашни апарати.

Заклучокот е
јасен: доколку сакате во зима да се загреете без страв од краток спој или
пожар, греалката секогаш приклучувајте ја директно во ѕидна приклучница. Една
погрешна навика може да ве чини многу повеќе од студен стан – може да го
загрози целиот дом.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кои се седумтемина што му свртеа грб на Алонсо?

Следно

Планот за праведна транзиција ја зајакнува економската и енергетската трансформација

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop