Прифатени во прво читање предлог-измени на Кривичниот законик, со нив ќе се анулираат спорните од 2023, се воведуваат и нови кривични дела

January 12, 2026
2 mins read

Собранието попладнево во рамки на 80 седница усвои заклучок дека Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, е прифатлив и треба да се проследи во натамошна постапка. Првото читање на предлогот беше поддржано од сите 69 пратеници присутни на седницата.

Со донесувањето на овие измени на Кривичниот треба да се анулира Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик донесен во септември 2023 година со кој тогаш беше направено ревидирање на македонската казнена политика во пропишувањето кривични дела. Тоа предизвика застарување на голем број предмети од областа на корупцијата, злоупотреба на службената должност и овластување и други негативни последици.

Според предлагачите, со новите измени на КЗ ќе се отстранат идни евентуални штетни последици од донесените законски измени на Кривичниот законик во септември 2023 година, а предлогот е воедно и заради исполнување на европските и меѓународните стандарди.

Измените во 2023 негативно беа оценети во Извештајот на Европската комисија, а неповолно за него одлучи и Уставниот суд на државава кој во февруари 2025 донесе решение со кое му даде рок од шест месеци на Собранието да донесе ново законско решение.

Предлагачите на измените ги посочуваат забелешките на ЕК во делот „Борба против корупција“ каде што се укажа на спорните измени и дополнувања на Кривичниот законик од 2023 констатирајќи дека „предизвикуваат сериозна загриженост поради нивното влијание врз случаите на поранешното СЈО, бидејќи голем дел од предметите се однесуваа на делата чии одредби беа изменети“.

– Намалените рокови на застареност влијаат, прекинуваат или дури доведуваат до запирање на голем број случаи. Откако измените стапија во сила на средината на септември, дел од случаите на поранешното СЈО беа запрени или беа одложени рочиштата бидејќи обвиненијата повеќе не беа важечки или настапи застареност, нотираше Европската комисија.

Ваквата негативна ситуација во македонскиот правосуден систем, според предлагачите на новите измени, „силно ја наметна потребата за итни, приоритетни и реформски измени и дополнувања на Кривичниот законик“.

-Го предлагаме овој Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик како законско решение со кое би се анулирала настанатата состојба и државата повторно би се вратила на патот на европските политики во сферата на борбата против организираниот криминал и корупцијата, образложија предлагачите на измените на Кривичниот законик.

Покрај ова, со предлог-измените на КЗ се воведува ново кривично дело – инкриминирање на „Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозаписи или списи со сексуално-експлицитна содржина“. Се врши и доусогласување со Истанбулската конвенција, преку редефинирање на кривичното дело „Телесна повреда“ од член 130 на Кривичниот законик со отстранување на гонењето по предлог во случаи кога делото е сторено при вршење родово-базирано насилство, насилство врз жена или семејно насилство или од омраза или спрема лице кое е посебно ранливо поради неговата возраст, тешките телесни или душевни пречки или бременост, со што овој облик на делото ќе се гони по службена должност согласно одредбите од Истанбулската конвенција.

Поради лоцираните слабости во практиката, а со цел нивно надминување, се предлага и вградување на два нови облика кај кривичното дело „Трговија со дете“, заради надминување на состојбите со питачењето.

Предлогот на законот содржи и одредби за хармонизирање на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето на предмети со пакетот предлог закони поврзани со проектот „Безбеден град“ (Safe city).

Предлогот содржи и измени „кои се итни, а имаат карактер на техничко појаснување и подобрување на одредени одредби, и тоа кај куќниот затвор, условната осуда со заштитен надзор и проширената конфискација“.

Пратеникот Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ, во чие време беа донесени спорните измени пред речиси две и пол години, на седницата рече дека СДСМ ќе гласа за потребата за носење на предложените измени на КЗ.

-Треба да се направат повеќе измени на Кривичниот законик и треба да имаме целосно нов Кривичен законик. Се надевам дека ќе добиеме таков предлог, рече Спасовски за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Драгана Бојковска од ВМРО ДПМНЕ соопшти дека се подготвува и нов системски Кривичен законик и посочи дека за предложените измени на КЗ кои, како што рече, предвидуваат заострени и поголеми казни, ќе бидат организирани јавни расправи.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мектоминеј: Во Наполи откажување не е опција

Следно

Еве колкава отштета Реал ќе му исплати на Чаби Алонсо!

Latest from Blog

Англија со четири гола ја совлада Хрватска во еден од најдобрите мечеви на Мундијалот (ВИДЕО)

фото: England (X) Во можеби најдобриот натпревар на Мундијалот досега, Англија ја победи Хрватска со 4-2 на отворањето на групата Л на Светското првенство. Извонреден натпревар меѓу големите ривали во Далас, кој

Мицкоски од Струмица на 36-тиот роденден на ВМРО: Идејата за Македонија денес е посилна од било кога

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва од Струмица порача дека идејата која започнала пред 36 години со формирањето на ВМРО-ДПМНЕ не само што опстанала, туку денес е посилна од кога било.

Португалците се нафрлија кон Роналдо: Тој е смешен, ужасен и само го забавува тимот!

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. – Ова е прв пат откако претседателот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3 проценти е најсилна потврда за успешните економски политики

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна
Go toTop