Преживување во лето во канцеларија: Правила што никој не ги напишал, а сите ги почитуваат

July 16, 2026
2 mins read

Секоја канцеларија има свои непишани правила. Не ги пишува во договорот за работа, ниту ги има во прирачникот за вработени, но сите ги знаат. Особено во лето. И тоа не е само чувство. Според истражувањето Captivate Office Pulse, продуктивноста на работното место во летните месеци може да се намали и до 20%, додека за завршување на проектите може да биде потребно и до 13% повеќе време. Повисоките температури, годишните одмори и променетата дневна рутина го отежнуваат одржувањето на фокусот.

Летото носи поопуштена атмосфера во канцеларијата. Колегите се на одмор, работниот ритам се менува, а мислите сè почесто бегаат кон следниот викенд или следната плажа. Во таква атмосфера, дури и најобичните секојдневни работи – од тоа на колку степени треба да биде климата, до договорот што ќе се јаде за ручек – одеднаш стануваат многу поважни.

Првото правило е едноставно: „Не ја чепкај климата ако не си подготвен за дебата.“ За некого 19 степени се идеална температура. За друг, тоа е сигурен рецепт за настинка. А секогаш има и еден колега што среде јули доаѓа на работа со џемпер и шолја топол чај во рака. Единственото прашање што може да ја надмине оваа расправија е: „Кој пак ја изгаси климата?“

Второто правило гласи: „Фрижидерот не се отвора затоа што си гладен. Се отвора од љубопитност.“ По можност, на секои пет минути. Не затоа што очекуваш дека додека си бил на состанок некој магично оставил ладен сок или сладолед… туку, никогаш не се знае.

Третото правило е можеби и најважното: „Никогаш не закажувај состанок непосредно пред ручек.“ Секој што работел во канцеларија знае дека гладните луѓе ретко носат важни одлуки. И тогаш почнува најголемиот предизвик во денот: „Што ќе јадеме?“

Прашање што многу често трае подолго од самиот состанок. Едниот сака бургер, другиот салата. Некој во последен момент се сетил дека сака десерт, некој бара ладно кафе, друг додава и помфрит „кога веќе нарачуваме“, а токму кога ќе помислиш дека сè е договорено… некој прашува дали може да додаде уште нешто.

За среќа, организирањето на ручекот не мора да биде уште еден канцелариски предизвик. Со Wolt Group Order, сите можат да се приклучат на истата нарачка преку еден линк и да го додадат токму тоа што го сакаат, вклучувајќи ги и сите свои преференции. Кога сите ќе завршат со изборот, нарачката се испраќа заедно, а деталниот преглед јасно покажува колкав е уделот на секој учесник, што ја прави поделбата на сметката многу поедноставна. Една заедничка нарачка, помалку договарање и повеќе време за заслужена пауза.

И да бидеме искрени, токму за време на паузата за ручек се водат најдобрите разговори. Некој ќе каже дека „ништо посебно не правел“ за викендот… па следните дваесет минути ќе ги помине раскажувајќи што точно правел. Некој повторно ќе се обиде да ги убеди сите дека ананасот е совршен додаток на пица. А некој дискретно ќе провери дали случајно останало уште еден помфрит во туѓата кутија.

Летните „канцелариски кризи“ нема да исчезнат. И понатаму ќе се расправа околу климата, фрижидерот ќе продолжи да се отвора без некоја посебна причина, а помфритот мистериозно ќе исчезнува.

Но, барем еден дел од паузата за ручек денес е многу полесен. Со Wolt Group Order, организирањето на една заедничка канцелариска нарачка е поедноставно, па на тимот му останува само уште една вистинска мистерија:

Кој повторно го изеде помфритот што „никој не го чепна“?

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД инвестираат милијарди во критични минерали, Македонија сè уште го чека Иловица

Следно

Началникот на Вооружените сили на Германија: Македонија е значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа

Latest from Blog

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број

ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

Нови израелски воздушни напади го погодија јужен Либан, при што најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА. Во нападите во подрачјето на Набатије била погодена

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Препознатливиот фестивалски бренд на

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј
Go toTop